Quantcast
Channel: И ЈА ИАМ БЛОГ
Viewing all 749 articles
Browse latest View live

Твитер прашалник @goxo

$
0
0
Твитер прашалник @goxo


1. Име (ник, кој ти го стави)?
Најверојатно имав осум годинки кога го заработив прекарот, веднаш откако се преселивме во Аеродром. Знаеш, Горан е толку ретко име па мораше некако да се вклопам во групата маалски џаболебари во времето кога децата навистина играа игри. Исто и Гоксо е многу редок прекар, но неисе.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Непоправлив оптимист, малку реален, малку луциден, малку строг, малку благ, малку горчлив, никогаш кисел.

3. Зошто си на твитер?
За да следам, да се информирам и да информирам, да споделувам битни и помалку битни работи. Затоа што е скоро невозможно да бидеш добар новинар без твитер профил.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Месец април во Феникс, Аризона. Бар со име Брик. Околу 30 степени. Ладно пиво и добро друштво. Наоколу палми и среќни луѓе. Погледот кажува се’. 

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Кој може да те заебе ако не другарите @Necovski и @MiRoDeSpOt. Се шегувам нели. Твитер е прекрасен ако научиш да го игнорираш шумот, кој мора да постои.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Кои се овие луѓе?


7. Каде сте родени?
Во истото она Скопје кое Дарјан го опиша.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Сан Диего, Калифорнија. Иако, можеби еден месец е многу, а меден е малку.


9. Брак?
Не ми се допаѓа многу терминот. Ако сте вистински партнери од секој можен аспект, рамката на заедничкиот живот е комплетно небитна. Битно сте ја нашле среќата.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Во човек.

Дополнителни прашања

1. Новинарството у Македонија?
Можеби ќе звучи чудно, но во Македонија постојат екстремно добри и професионални новинари, кои се подготвени да жртвуваат се’ за слободата. Замислете црна дупка, како оние на Стивен Хокинг, која впива се’ околу себе освен неколку мали ѕвезди што упорно продолжуваат да светат силно, пркосејќи и’ на немилосрдната сила на гравитацијата. Само не знам уште колку долго тоа ќе трае. На крајот, верувам дека црната дупка ќе прегори.

2. Колкав товар е славниот татко?
Голем товар, но и голем предизвик. Понекогаш е добро, понекогаш е лошо, зависи со кого зборуваш. Во секој случај, татко ми е мојот идол и не верувам дека некогаш ќе го престигнам на професионален план, но тоа не значи дека ќе престанам да се трудам. 

3. Шо вика он, ќе те биде ли?
Како мислиш дали ќе ме биде? Еве ме, ти пишувам.

4. Твитерџика за на пуст остров?
Да.

5. Денеска ти е роденден, кај е прославата?
Секоја година на овој ден се’ повеќе се запрепастувам од непроценливата вредност на времето. Прославата, ако може така да се нарече, се случува цел ден на социјалните мрежи. Да не беа Твитер и Фб ќе мислев дека има малку добри луѓе на светов.
Вечерва играм фудбал со другарите, ќе славиме на терен.


6. За шо жалиш у животот?
За изгубеното време и пропуштените шанси.

7. Доколку не би бил новинар, шо би одбрал?
Веројатно писател или некој друг вид уметник. Иако во моментов не можам да се замислам како ништо друго освен новинар.

8. Скопје е ______?
Споменик.

9. Шо мислиш за емисијата на Нечовски у Калдрма, дали му е само за гага пијачка?
Идејата е одлична, а гостите скоро совршени. Треба да поработи малку повеќе на техничките моменти, да има помалку бука и подобар и почист тон. Емисиите да бидат пократки и тематски, во зависност од гостите, а прашањата внимателно одбрани. Да сними неколку најави и да воведе стални рубрики. Но, сето тоа не е лесно да се направи кога имаш day time job.
Која пијачка?

10. Омилена песна? Зошто?
Различни песни за различно расположение во различни периоди од денот, месецот, годината. Деновиве многу ја слушам Buldozer од Bernays Propaganda.


Твитер прашалник @Milan_tojsum

$
0
0
Твитер прашалник @Milan_tojsum 
1.Име (ник, кој ти го стави)?
Milan_tojsum бидејќи не сум некој друг,  бев @VoinBezKonj  ама ко што може да се види од нашиот плоштад, СЕКОЈ воин е на коњ, без разлика дали бил дел од пешадија, фаланга, баталјон...

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Максимално мрзлив електраш со големи амбиции за иднината

3. Зошто си на твитер?
Бидејќи во живо никој не ме слуша што зборувам, а многу зборувам.

4. Шо преставува вашиот аватар?


Се надевам дека е јасно...

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
На твитер ме донесе @IceManAndov и самиот се заеба со таа одлука.....инаку мене ми е супер

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Здраво!!! Јас сум Милан, а вие погодете кој сум

7. Каде сте родени?
За среќа роден сум во старото и убаво Скопје, а не во денешниов хаос
8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Многу Македонци одат некаде на еден месец и никогаш не се враќаат(Јас би сакал да одам во Германија), а откако ќе бидам таму ќе размислам за меден месец

9. Брак?
-Не,барок ако може??

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
-лаФ поради тоа што сум горд Македонец


Дополнителни прашања
1.Влажни соништа со твитерџики?  
Влажни соништа не сум имал од времето на тераса кога задремав и кога ме наврна

2. Кој Милан си?
Милан тој сум

3.Кога би лицитирале ,до колку споменици ќе заврши СК2014?
Абе види, лимес од дивергентна низа е бесконечност
значи ќе расте прогресивно бројот на споменици, во просек 10 преку ноќ


4.Песна за рингтон?  

5.Кај си за 10 години,а каде за 20?
Може за 15?? (10+20)/2=15....секако дека дома ќе бидам и се уште ќе твитам

Прашањаод  @IceManAndov:
1.Какво е чувството да бидеш дел од дијаспората?
Многу карирано и убаво. Подобро да останам да живаеам каде што сум отколку во Центар со “фаците”кои немаат смисла за животот.

2. Имаш ли стратегија со која би изрекламирал твит за да добие 500 ретвита и фејва?
Моментално немам никаква стратегија, но јас сум Милан и можам да се снајдам

3. Имам еден леш за криење, кога си слободен да завршиме работа?
Во било кое време.....подготвен сум да направам се за пријателите и мртвата природа и природното ѓубрење на почвата.

4. Хипотетички ако се најде некој шо може да те трола повеќе од колку шо можеш ти него, шо би направил?
Нормално дека би му се придружил. Тој што не можеш да го победиш придружи му се. 

Твитер прашалник @TAtanasoska

$
0
0
Твитер прашалник @TAtanasoska 


1. Име (ник, кој ти го стави)?
Тамара Атанасоска или ТAтанасоска :)

2. Опишете се (макс 140 нели)?
За овие информации обратете се кај @MoniiikaA , @mila_laи@stefanijazip

3. Зошто си на твитер?
За да се информирам, пред се за македонската daily политика. Така ми е избран тајмлајнот еден скрол надоле ми кажува што се случува денеска околу нас.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Ме фативте во фаза на ребрендирање :)) . На сликата е Јessa, лик од серијата „Girls“. Сите порно асоцијации дечки, dissmissed :). А тука е зошто знае кога е правиот момент за да се остави вакво писменце:

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Пред малку повеќе од две години работев во it.com.mk каде @ViktorDano ми беше колега и седеше до мене во канцеларија, па ми рече нешто како „Еј супер е ова Twitter за пратење технички новости“. Јас како права бубалица ичитав милиони написи за Twitter, одма му влегов and the rest is history. Twitter како сервис ми е незаменлив, не ме оптеретуваат карактерите со непотребни био информации и слики од одмори, не ми излегува кој што правел и кој му се свиѓа, туку само ставови, кратки и концизни во 140 карактери. Кои информираат. Absolutely amazing.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Еве ви го мојот вистински прв твит #самасосебесмешкипраела

7. Каде сте родени?
Скопје, моето драго Скопје :)

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Русија. Од секогаш сакам да роварам по Русија и да ја откривам.
На меден негде каде ќе може да се тестира таа врска до крај, да не бркаат лавови, да се криеме по ровови, жени ко Шарлиз Терон и мажи како Џони Деп да се шетаат околу нас достапни и слично :))) Ако се вратиме заедно може да се опуштиме наредните 50 години :)

9. Брак?
Брак е економска единица. Hence, зошто да не ако анализите упатуваат на тоа дека е исплатливо да се инвестира во неа ;).

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Сакам кучиња малку повеќе од луѓе веројатно. Може во следниот живот поинтензивно да се дружиме. Еве, нека е лабрадорче :).

Дополнителни прашања

1. Гледаш ли Вести ?
Ау не. На тотална диета од пропаганда сум. Тотално имам блокирано се кое може да ми брцне било каква невистина или едностран поглед. Зошто, колку и да се браниш од негде ќе ти влезе, нешто ќе зазвучи логично во моментот и ќе ти остане во глава. Не гледам телевизија никогаш. Престанав да читам печатени весници, со исклучок на „Граѓански“ кој го купував. 

Сега ова ќе звучи можеби малку без врска, ама сите информации политички ги добивам преку тајмлајнот ¨C вестите кои ги линкаат оние кои ги следам ќе ги прочитам на онлајн порталите на весниците/телевизиите. За било која информација која може да е контраверзна како на пример настаните на 24ти декември не се потпирам на никакви медиуми. Тој ден станав од спиење, се облеков, се најавив дека ќе доцнам на работа и отидов до таму сама да видам што се случува.

Таква ни е ситуацијата, што да правиме. R.I.P слободни медиуми.

2. Најскапиот подарок шо си го добила ?
Начинот на кој ме растеше мојата мајка која ме научи на слобода. Фала и.

3. Дали си коцкар ?
Се потпираат на случајност само оние кои не можат со своите раце сами да си ја створат иднината ;)

4. Си пеела ли на караоке?
Ау не. Не, не. Караоке, не. Не ме викајте на караоке нема да дојдам.

5. Која песна те расплакала?
Редовно плачам на Idol, X-factor, Britain's got tallent и слични аудиции. На било кои песни. Нив им се остварува сонот, мене река од очи.

Прашања од @goxo
Мене ми се падна новинар да ми поставува вакви издржани и сериозни прашања :).

1. Зошто вреди да се бориш за слобода и човекови права кога знаеш дека борбата скоро и да нема никаков ефект?
Ееее. Зошто така. Борбата секогаш има ефект. И малите работи како промената на светогледот на еден човек можат да имаат огромни последици и се рачунаат како победи. Мора да се бориме за слобода зошто нема друг начин да живееме. „Само слободните луѓе се убави“ велат Бернајс Пропаганда а јас тоа го толкувам како само животот во слобода вреди да се живее. Ние сме навикнати да ја земаме нашата слобода здраво за готово, и стануваме свесни за она што сме го имале и колку било важно дури откако ќе ни го одземат (слободни медиуми, јавни простори, непартизирано општество). За човековите права мора да се бориме заради солидарноста, најадените да се борат за лебот на гладните зошто имаат сила, начитаните за да им донесат светло на тие во темница. Зошто вреди и зошто мора.

2. Феминизмот стана еден вид отворена тема во последно време. Можеш ли да нафрлиш неколку аргументи зошто македонската жена е дискриминирана?
За нафрлање е добра статистика:

Ние привилегираните, овде во Скопје, со високо образование, сите скоро независни со колку-толку решени финансиски ситуации лесно забораваме дека не сме Македонија. Македонската жена е е само белата, високо образована девојка која се движи во либерални кругови. Доволна е посетата на некое село за да се забележи дискриминираноста на нашите жени. Како и да е, тоа е само онаа, многу видлива, традиционална дискриминација која е веднаш воочлива. Според мене посериозно и пострашни се денешните маскирани дискриминации, лажната еманципација која тргнала наопачки и направила девојките да се стремат да бидат „one of the boys“ наместо да продолжат по линијата на фронтот на оние кои се бореле да ги ослободат до тука. Да не почнувам со шовинистичката пропаганда на нашата влада маскирана во зборовите „традиционални вредности“ и легендарниот говор на премиерот со “некои си таму женски права“. Но, работиме на случајот, секој ден. Check out https://www.facebook.com/BoriSeZenski

3. Дали #protestiram беше успешно движење и зошто не?
Јас за #protestiram сум лично врзана и мислам дека уште не го гледам објективно колку што би требало. #protestiram беше и мојата лична револуција, целосно ми се промени животот, а верувам и на многу кои беа вклучени секојдневно.
Движењето не беше успешно во поглед да ги оствари барањата за кои се залагаше ¨C не се направи промена во системот за да се превентираат ваквите случаи во иднина, не го осуди ланецот на одговорности и не докажа дека оваа грешка не е инцидентна. Движењето беше успешно со тоа што ја оствари целта со која тргнавме  првата вечер, односно не остана на тоа дека на Мартин му се слошило.
Власта одлично ја заврши својата работа употребувајќи ги механизмите на игнорирање (исклучување од медиумите, не признавање на легитимност) и етикетирањето (спинивањето на настанот, учесниците). Ние бевме неспремни и неискусни. Но од тоа движење произлегоа многу идни, луѓето се вмрежија и охрабрија. Секој пат подобри, нели? Еднаш ќе успее.

4. Навистина ли Македонија е единствената земја во светот во која постои етничка заедница наречена Соросоиди?
Навистина! Ние сме злото на две нозе. Beware.
Хихихи ама стварно многу јако. Се надевам Грујо ќе му спомне на Сорос на шега ова кога ќе се сретнат да преговараат за некои пари пак во иднина ;)

5. Програмирање и активизам, од каде и зошто баш таква комбинација?
Програмирање зошто нема појака професија. Многу си ја сакам работата. Многу големо влијание на тоа имаа дечките од @2cmk и #skopjehacklab, ми покажаа еден друг поглед на работите.
Активизам зошто од мала си имам проблем со авторитети и не знам да ќутам. И зошто сум граѓанин и доследна на својата јавна функција :).
Комбинација ¨C случајна :).

Твитер прашалник @EllenaDsk

$
0
0
Твитер прашалник @EllenaDsk

1.Име (ник, кој ти го стави)?
-  ellenadskго користам за сите небитни usernames (да бе, во прв момент и Твитер го сметав за небитен). Иначе, името, кумот е крив.

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
- Женско на Електро, еве веќе 5та година, ама бркови не ми никнаа. :( А целев кон изглед како на сликата.

3. Зошто си на твитер?
- @IceManAndovи @Srbakвикаа дека е јако, па ај да видам и јас што чудо е тоа.

4. Шо преставува вашиот аватар?
- Јас, во славните денови.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
- Најкрив е @IceManAndov, нели. Не ме зае*а, бидејќи си ја извежбав навигацијата, пешачејќи и гледајќи цело време во мобилниот.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
- Кои сте вие бе? Што се овие мајмунов и тарабава горе?

7. Каде сте родени?
- На гинеколошко-акушерското одделение во болница во Велес.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- Би ги прошетала сите земји од Скандинавија. А меден, не, алергична сум на полен.

9. Брак?
- Може бе, ако има јунак што ќе се осмели да се заколне на заеднички живот со мене.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
- Оти се плашам од пердувести летечки створови, нека се реинкарнирам, еве во гулаб (и тоа со локни). Па да видам што значи да ја плашиш ЕлленаДск. 


Дополнителни прашања
1.Дали би платила месечна претплата за твитер доколку воведат?  
Ќе побарам жиро-сметка и ќе платам со траен налог за 6 месеци однапред. Знаеш, мачење е чекањето на шалтери и пополнување ПП50-ки по 15 пати оти тетките ми го згрешиле матичниот број.

2. Шо си по професија?
-Пред се, студент, а во слободно време хаус-мајстор, хакер, менувам сијалици, поправам бушони, пребарувам на Гугл, поточно, се што мислат другите дека еден студент на ФЕИТ знае да го направи.

3. Зошто во Скопје нема дрва?
- Да ме прашаше за Велес, да знаев... Вака за Скопје...

4.Твитерџија кој би сакала да го запознаеш?  
- Повеќето си ги знаев и пред Твитер, а тие што сакав да ги запознаам, веќе ги запознав. Уствари, ја чекам уште @JustPurplingда ме пинга дека е во Мк, да истерам едно кафе со неа.

5.Колку деца би сакала да имаш?
- Бидејќи мајчинскиот инстинкт не ми е во подем, уште не можам одговорам на ова.

Прашањаод  @Milan_tojsum:

1.Мачорот или твитер?
- Спам со фотографии од мачорот по Твитер, доволно фер? :)

2.Што ќе биде ако Depeche Mode го откажат концертот?
- Ќе се завијам во црно, ќе легнам во када со ладна вода, во фетусна положба и ќе почнам да плачам и ќе си ја размачкам шминката. И да, ќе ја изведам фамозната 8ца-положба на устата додека плачам (види фотос).

3.Дали се зафркна што се запиша на електро и зошто да?
- Секако дека се зафркнав Милане, ти не се зафркна?

4.Што ги поврзува Охрид и Виница??
- Па Велес, нормално, какво е ова прашање?

5.Дали си стабилна личност?
- По дефиниција, стабилна сум ако имам два пола во лева полурамнина. Ти изгледам ко да сум двополова?

-За следен, се мислев помеѓу @TrajchevskiMk, @Zmejskiи @GGjero, а изборот падна на:
Џени Ферлопез @AltanDete

Твитер прашалник @jpetrov

$
0
0
Твитер прашалник @jpetrov


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Во периодот кога растев покрај компјутерите уште немаше интернет пристап. Членував по разни БиБиЕс-ови низ МК преку мојата Амига и надворешен модем од 2.4kbps. Од тогаш почнав со jpetrovи останатото е навика. Пред Амигата имав Commodore 64 и Sinclair ZX Spectrum 48 не дека е битно за прашањево...

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Опседнат со учење и читање. Професионално почнав од НВО, преку консалтинг до софтвер (среден менаџмент). ЕТФ/КТИА инженер и магистер по економски науки на Сорбона преку Темпус. За физички опис ќе ми треба твитлонгер J

3. Зошто си на твитер?
Кога се зачленив на твитер немаше мк сцена или беше мала. Едно време на кајмак.от се собираше мала „багра“ која уште владее  (@zlochko, @ordanoskiv, @therealpsmst, @razvigorпомеѓу другите). Открив можност да следам познати и интересни луѓе од светот и регионот од областите кои најмногу ме интересираат (ИТ,европска политика, економија и бизнис). Со време твитерот ми го замени и Гугл Ридерот. Тоа ми е основната причина сеуште. Во меѓувреме се случи и хајпот во Македонија, па најдов многу интересни луѓе кои размислуваат предизвикувачки. Многу сакам да се дружам со луѓе кои знаат да мислат слободно и отворено за разни теми. Некако граѓанските вредности во Македонија како да се раритет...

4. Шо преставува вашиот аватар?
Една од моите омилени книги, со ново генијално решение за дизајн на кориците. Корицата е со јасна порака не мора да ја опишувам.


Само некој месец потоа се појави уште поинвентивна корица на книга која исто така ми е многу омилена, но не ми се менува аватарот сега, веќе кога го сменив еднаш. Претходно беше мојата фотографија ама кога станавме мејнстрим некако не ми се допаѓа да ме влечат со изјави по сајтови  и весници (ако воопшто се случило тоа).

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Мислам дека дојдов сам – најверојатно сум прочитал текст некаде. Но повлеков неколку луѓе по мене, си знаат веќе си пишаа / ќе си пишат во нивниот прашалник J. Пред твитер и фејсбук имав блог со неколку илјади записи, во принцип над ¾ од моите блог записи беа слични на твитови (интересен линк и краток коментар). Твитерот го гледам како поеднаставен начин да споделиш интересни информации. Блогот ми е некаде архивиран можеби ако го најдам да го објавам пак...

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Твитав скоро исклучуво на англиски во тој период. Мислам дека беше нешто во стилот „Preparing my research paper over the night”. Како да зборуваш во бунар сам со себе. Сум бил таму знам како е J

7. Каде сте родени?
Велешката болница која ја гледам од балкон секој ден. Интересно е што ако не се преселиш од градот кај што живееш местото кај почнуваш и кај завршуваш е исто.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Париз. На повеќе од 1 месец ако може.
На меден во Тоскана..

9. Брак?
Уреден. Ќеркичка прво одделение. Да ви се врати секој што сака. Благодарам.
Сериозно, домот и семејството ми се столбот на кој секогаш сум можел да се потпрам и многу сум благодарен за таа среќа.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Морски галеб. Отсекогаш сум сакал да летам. И мирисот на морето. Но мразам туристички сезони – пролет и есен се магични.

Дополнителни прашања
1.Кај има најбоља пастрмалија?  
Не е докажано кај има најдобра, но 1 е сигурно, најгрди се во Скопје. Не знам кој им дал право на скопјани воопшто тие чуда да ги викаат пастрмајлии. Ме прашува – со кашкавал ли да била, пилешка ли да била. Па дали сте вие нормални?
Локал-патриотски ќе речам велешка. Меѓу другото заради тоа што има пастрма т.е. сушено пресолено овчо месо во мали парчиња. Не знам како може да викаш нешто пастрмајлија а да нема пастрма, ама ај...

Сум пробал велешки, штипски, свети николски и неготински и не би одбил ниедна, но последно време докторите ми бранат J

2. Ќе се врате ли времето на Анте Марковиќ на овие простори?
Ете го тука е, нели бананите се евтини?.
Реално треба да ги стегнеме ремените и да подработиме малку да го стигнеме светот оти ни бега а ние со глупости се занимаваме. Мрч Мрч голема државна администрација, неконструктивно трошење на пари мрч мрч.

3. Горна или Северна?
Горна оти ќе можам да викам еве ќе одам во долнава малку... Плус ќе звучи како кралство од GameofThrones.

4.Има ли на твитер политика?  
Моја голема опсесија е Европа, па редовно ги следам европските политичари, твитерот сериозно почнува да биде канал за комуникација.

Во МКтвитер има политика но најмногу на ниво на маалски муабет (па дури и од политичари). Но некои луѓе и твитер и политиката на твитер си ја разбираат многу сериозно. Јас па можеби сум наивен. Дефинитивно е убав катализатор на настани како протестирам, елка итн. Не сум убеден дека твитер било како помогна за #Жерновски ама тоа е мое мислење.

Проблемот е што луѓето се осакатени од демократија во традиционалните медиуми, на ФБ владее македонската девиза (родини, пријатели, незгодно) па твитер им е издувен вентил, оној што свири на експрес лонецот кога ќе врие. А нашиов лонец врие упорно, само кој да го слушне свирењето. Се надевам нема да експлодира...

Јас до настаните на плоштадот со тепањето на студенти не ни зборував за мк политика. Тој ден планирав со ќерката да поминеме, но се успавме  да го фатиме возот. Тоа што го видов потоа на ТВ ме шокираше но потоа ме стави во ров. Тоа беше искрата која ме натера да зборувам отворено за некои наши работи. Македонците премногу лесно си ја разбираат демократијата и републиката. Како некој друг да се борел за нивната слобода а не нивните предци.Можеби е навреда ама не сум сигурен дека дел од нив воошто знаат што е концептот на република, демократија, а тоа е сериозен проблем. Плодно тло.

5.Можат ли социјалните мрежи нешто да променат?

Влијанието на интернетот општо ќе расте. Наскоро скоро и да ќе ги снема традиционалните медиуми во формат како што ги знаеме.

Најдобар локален пример  се @StefanFuleEUи @RichardHowittод ЕК и ЕП соодветно кои добро разбираат дека нивните изјави се извртуваат во медиумите во кои генерално владее цензура, па сите битни одлуки и пораки ги твитаат за да нема забуни. На пример заклучоците од мартовската средба ги обзнанија и двајцата прво на твитер, во рок од 1 минута еден по друг, пред прес конференцијата. Тоа е сигнал дека дури  и дипломатите знаат кој канал е сигурен и без модулации пристигнува до целта – граѓаните. Ако странски политичари тоа го разбираат, тогаш не знам што треба повеќе да се случи за да разбереме дека интернетот ни е последната слободна зона која за жал со новиот закон за медиуми сакаат да ни ја разрушат.

Од друга страна социјалните мрежи се користат и за cyberbullying, особено од тнр. водители на тв емисии и сопственици на некои портали (дел од нив и во егзил) кои злоупотребуваат лични изјави на приватни профили и полувистини за индиректно или директно повикување на линч. Обично се работи за деца на познати личности, буквално ја нарушува нивната приватност но и ги доведуваат до опасност од физички напад. Поконкретно мислам на ќерките на Пол Волерс и Љубомир Фрчкоски како последен пример, но ги имало многу.

Прашања од @TAtanasoska
1. Што мислиш за младата генерација која ја читаш на твитер? Има ли тука нешто. ќе ги биде или се ќе остане само на тролање? Ќе бидат ли промената која и треба на оваа држава?
Јас на младата генерација која сеуште не основала семејство во Македонија и посакувам да одвои пар години од својот живот и да замине на студии или работа во странство. Тоа моментално е највисокиот чин на патриотизам. Работните навики и знаењата кои ќе се стекнат таму ќе бидат добредојдени ако ситуацијата се нормализира тука за млад и интелигентен човек може да се реализира во својата држава што е најидеална опција за сите. Се друго е трошење на време. Особено изнасилениот хумор. Кратко: има шанса.

2. Ќе го задржи ли Велес отпорот?
На Велес му е свиткана кичмата одамна. Иако има голем консензус против топилницата сепак се работи за приватен ентитет кој можеби еден ден сепак да ги добие сите дозволи од Министерство за екологија на еден или друг начин. Ако се случи тоа – што не посакувам – Велес нема да биде прашан. Едноставно едно утро црн облак од оџаците повторно ќе ни ги труе децата. И не сум сигурен дека реакцијата ќе биде соодветна. Едноставно велешани одамна се чувствуваат дека за многу прашања никој не ги прашува и некако се помирени со тоа. За жал.

3. Да можеш да се вратиш 15 години наназад, што би променил?
Лично ништо, тоа беше период на моите студии и почеток на мојот НВО активизам кој моите 20ти ги претвори во едно големо патување низ Европа, богатство кое го носам до денес. Имам повеќе пријатели во Брисел или Берлин отколку во Радовиш или Прилеп. Ако би се вратил 10 години назад најверојатно би се отселил од МК, барем времено. Имам прекрасни роднини и пријатели од Лас Вегас преку цела Европа до Сиднеј. И не би го направил тоа за мене туку за да бидам сигурен дека моето дете ќе има шанси да живее во средина во која ќе може да биде и да каже што сака. Да знаев дека ќе потрошиме толку време на глупости искрено тоа ќе го направев.

Имам само 1 порака за младите: не влегувајте во политика. Бидете политички активни преку протести, НВО ама не одете по штабови, со книшки, барајте професионални предизвици. Не за друго – и да се вработите на државно еден ден ако ве остават на улица нема да знаете што да правите со себе. Политиката во МК е пирамида, машина, која се јаде самата себеси а само оние на врвот остануваат цели и без реперкусии. Знам неброени примери на луѓе кои сериозно страдале.

4. Ќе има ли некогаш погодна клима за стартапи кај нас?
Не сум сигурен. Има луѓе кои ми имаат речено во доверба „македонците не ги бива, не размислуваат креативно“ но не се сложувам со тоа – како тоа ако ги извадиш од овој контекст и ги насадиш во Филипс Гугл или Мајкрософт наеднаш стануваат креативни? Од друга страна целиот муабет со стартапите сам по себе има многу хајп. Група инвеститори користат енергија на млади и полетни инженери да се коцкаат со ниска инвестиција во крв и пот за висок повраток на малкумината успешни.

Меѓународно Македонија има успешни софтверски продукти кои се бројат на рака и скоро сите се направени како додатни проекти во постоечки аутсорсинг комапнии (во лер). И можеби има некои инкубатори кои се глорифицирани издавачи на простории.

Стартап духот е до самите основачи. За стартап ти треба леб, време, мал но добар тим и спремност да пропаднеш. Во Македонија ретко кој млад тоа може да си го дозволи.

Заради тоа сметам дека ако МК во иднина продуцира успешни стартапи тоа ќе бидат од луѓе во своите 30ти за разлика од трендот во УСА. Материјално обезбедени луѓе кои се спремни да ризикуваат. И не верувам во стартапи во кои газдите не програмираат или барем администрираат сервери.

5. Простор да кажеш нешто што сакаш сите да го прочитаат .

Неколку пораки до мктвитер:
·         Не се трудете да бидете смешни со сила
·         Не е ова натпревар за популарност како во американско средно школо
·         Ангажирајте се општествено, не се плашете да го кажете своето мислење
·         Предлог Законот за медиуми е македонската СОПА/ПИПА/АКТА. Лабавото опишување на опфатот дава можност да се толкува кој како сака. Ќе правиме нешто околу тоа или ќе се жалиме на Филе и ќе му купиме баничка со јогурт?


Твитер прашалник @oletweet

$
0
0
Твитер прашалник @oletweet 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
На твитер одбрав да бидам искрена во доволна мера, каква што сум по природа, па името ми е она од реалниот живот. Никот беше резултат само на моментална инспирација, зашто одлуката да влезам во друштвото дојде наеднаш, без многу премислувања.
 
2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Незгоден микс на непоправлив романтичар по душа, реалист во расудувањето и трагач по простор во кој би ја нашла вратата кон оптимизмот.   

3. Зошто си на твитер?
На почетокот не бев свесна дека твитер, на толку непретенциозен начин, ќе стане дел од моето секојдневие до ниво на must be there.  Ја сакам магијата на таа дружба што со ништо не оптоварува; на тој чуден трепет кога препознавам сродни души, на тивкото, тајно врзување за некои луѓе скриени во овој истовремено јавен, а сепак интимен свет. Најсреќна сум кога таа мала, одбрана група, постапно но сигурно гради еден критички генерален став кон општествената траума што не’ навасала, и што, повремено, тој став излегува од анонимноста и транзитира во релевантно ехо на глас на мислечки индивидуи. На крајот, тука сум заради слободата, отсуството на цензура и можноста да ја релаксирам напнатоста од стварноста што ме притиска. Мојот сон е дека ќе дојде ден кога на твитер ќе можам да придонесувам или впивам повеќе и во рамките на моите професионални преокупации.
      
4. Шо преставува вашиот аватар?
Го поставив на црниот понеделник, 24 декември, кога повеќе од било кога ја почувствував болката од одземената слобода, згазената правда и дерогираното право на нормален човечки живот во сопствената земја. Посакав крилја за пркосно да одлетам и зад себе да ја оставам горчливата македонска почва. Уште сум под таа тажна импресија за нашиот животен амбиент, но тука сум, а белата птица останува симбол за мојот копнеж по слободата.
   
5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Јас сум голема брбљивица и мислам дека во еден миг му станав здодевна на моето чедо, кое едноставно ми предложи: „Мамче, а како би било сето ова што ми го зборуваш мене да почнеш да го споделуваш и со пријатели на твитер?“. Твитер сметка отворив во 2010, но станав активна многу подоцна. Никогаш не се покајав.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Меѓу колегите сум позната како ефективен „кршач на мразот“, но на твитер почнав со најглупиот твит евер, нешто од типот „здраво, пријатели“ или некоја слична лигава, реченица. Од оваа дистанца, денес секако би почнала некако поагресивно, нешто што веднаш би било експресија на мојата оптика. Па кој се закачи, се закачи.
   
7. Каде сте родени?
Јас сум Скопјанка по обата родители, по дедовци, баби и пра-претци, родена во Буњаковец и израсната во Парк-маало. Едно време тоа беше многу шик, но јас отсекогаш сум била понаклонета кон убедувањето дека хибридите се најздравата ствар на светот, така што навивам за мешани  врски, од кои се раѓаат зацврстени деца со искомбинирана генетика.
 
8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би одела на Капри, по можност од крајот на мај до крајот на јуни. Тоа ми е неостварена желба и, како што стојат работите, може засекогаш да остане таква. На меден месец, кога повторно би била пред таков чин, би сакала со автомобил да патувам низ внатрешноста на Франција и Италија, предели во кои сум престојувала сама, а сум посакувала топлината на пејсажите, селцата, камените куќи и малите крчмички да ја доживее и мојот сопруг.
    
9. Брак?
Јас навистина мислам дека врвицата на животните искушенија, радости и болки е поинаква, полесна, поподнослива кога се споделува со животен сопатник. Институционалниот брак не ми е особено важен; важно е пријателството, држењето за рака, потпирањето еден на друг во тагите, заедно испиена чаша вино во среќите, разбирањето дури и без изговорен збор по долгите години минати, можеби и без да сакаме, во градење на еден вид симбиоза. Климавите врски се препознаваат рано и на нивно одржување не треба да се инсистира затоа што секој има право на парче од земската радост, и на уживање во блискоста со човек кој не ти го качува притисокот на 200.       

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Во некое долговечно, затоа што го сакам животот, макар тоа бил и слон, онаков грд и смежурен.  

Дополнителни прашања
1.Стана позната со еден блог пост,шо те натера да го напишеш?
Седнав и го напишав во еден здив, разочарана од исходот на локалните избори. Се почувствував измамена што, и покрај одвратната технологија на владеење на ДПМНЕ, опозицијата остана затворена во својата импотенција, неспособна умно да ги објасни клучните пунктови на несреќата, и да комуницира со целна група која е единствената способна да ги придвижи работите кон подобро. Тоа е разочараната и понижена некогашна средна класа, чесниот дел од народот кој не потклекнал пред лукративните искушенија на власта, и една голема група млади образувани луѓе, чии животни сништа допрва треба да се остваруваат. Тоа се луѓето од Отпорот, луѓето со морал по вертикала, луѓето што опозицијата не смее да ги изгуби.
    
2.Ти пречи ли промена на името?
Многу, бескрајно многу. Најмногу ми пречи што начинот на кој се одвива таа бесрамна и бескрајна игра со нашето достоинство од ден на ден само повеќе и повеќе ја раскусурува нашата гордост. Ми пречи и огромната нетранспарентност на моќниот запад во оваа валкана игра, односно затскривањето зад Грција, како наводен главен виновник, на вистинските намери поврзани со ова мало парче земја.
       
3.Има ли забава на твитер?
Ах, да. Толку слатко се смеам на досетките и иронијата; уживам во постираната музика, а и муабетите на весели теми знаат да ме раскрават до даска.

4.Бронза или мермер?
Ма после сето ова, јас веројатно никогаш нема да посегнам по ништо слично. Предложив центарот на Скопје да биде ограден со висока бетонска ограда, затворен со железни капии и насловен како македонскиот Забранет град.
  
5.Една од помистериозните на тл ?
Имам причини за тоа. До пред некоја година, редовно објавував во домашните весници и списанија. Некаде пред 4-5 години, почнаа да не ми ги објавуваат текстовите, а по последните објавени добив и некои непријатни закани. Малку паузирав, па го отпочнав мојот блог danesezaboravi.blogspot.com, кој ми донесе кришка слобода.   

Прашања од @JPetrov
1.Како да се вратиме таму кај што бевме, ако не подобри?
За жал, мислам дека новиот нагорен циклус ќе почне во мошне неповолно опкружување. Македонија, ако опстане, многу скоро ќе колабира финансиски и, воопшто, економски, како што и’ се случи на Југославија на почетокот на 1980-тите. Дури тогаш ќе биде потребна надворешна помош, а како што стојат работите, не гледам дека некој е заинтересиран за просперитетот на оваа потоната земја. Колку подолго трае агонијата и пофалбата на лудоста, толку подолго ќе трае процесот на опоравување. Потенцирам, Македонија никогаш нема да може да закрепне без надворешна помош и волја.
   
2. Држава со оваква младина може само... ???
Државата го уништува својот најважен ресурс – младите. Им го ничкоса вредносниот систем, ги направи креативно неупотребливи, а ги користи само за подмолните цели на власта. Им ја утрапи взаемната омраза како рецепт за преживување, ги научи дека газењето преку лешеви е вистинската формула. Тоа е глобалната слика. За среќа, слободарскиот дух на една, за сега недоволно експонирана порција од младата генерација, која се развива индивидуално и скоро илегално работи на градење на сопствените вештини и знаења, ќе може да се фати во костец со проблемите кои допрва претстојат. Се разбира, некоја нова, вразумена власт, ќе мора со овие поединци да постапува многу внимателно, ценејќи ја нивната верност кон етичките и демократски вредности во периодов без етика и демократија.
     
3. Што е поефикасно за да се искаже своето мислење - блог или твитер?
Ма и едното, и другото. Твитер е фантастична и ефектна алатка за брзи, мудри и луцидни информации или реакции. Тој е одлична вежба за виугите и интелигенцијата. Тој е совршенство за краток, набиен исказ. И, се разбира, затоа добива далеку пообемна респонзивност на публиката. Блогот е потромав медиум, а и луѓето не се премногу расположени за подолги четива. Но, за мене, добро осмислен и таргетиран блог, ја има вредноста на било која фина литература. Јас ги сакам и двата жанра и се обидувам паметно да ги комбинирам за да се искажам по прашањата за кои сметам дека заслужуваат внимание или простор во етерот, а при тоа да останам конзистентна.
  
4. Кога би можела да промениш нешто пред некоја декада што би било тоа?
Би го променила патот по кој одеше Македонија во првите 10 години од независноста. Ќе бев повнимателна околу Уставот, рестриктивна кај регистрацијата на еднонационални политички партии и, најважно, многу порезервирана околу прифаќањето на економските реформи по теркот на ММФ и Светската банка. Ќе се борев, како што и сум се борела, против неолибералниот диктат и доктрина, макар и по цена некои промени да се одвиваат поспоро. Свесна сум дека тоа би била борба меѓу Давид и Голијат, но демонстрирањето национална гордост во време на транзиција знае да биде и наградено. Јас би се испробала на таа карта.
  
5. Дали на државава и фалат нови опции или капацитет во постојните и како секој од нас да помогне?
Македонија е толку мала земја, што мислам дека онаа теза за „празен простор“ за некоја нова опција не е сосема реална. Тој простор само дополнително би ја расцепкал сегашната кревка опозиција, зад која сепак стои огромна популација. Јас верувам дека опозицискиот блок располага со потребната инфраструктура, но дека е неопходно освежување на човечкиот фактор, светогледот, фокусот и енергијата. Особено е важна промена на реториката. Примерот на подвигот на Андреј Жерновски, еден умерен, сталожен и модерен политичар, треба да биде успешна приказна што ќе се користи како основа за изработка на цела студија на случај.      

Твитер прашалник @AltanDete

$
0
0
Твитер прашалник @AltanDete


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Алтан, пошо татко ми вика дека вредам многу...Барем така викаше пред да го заебам факултетот. Џени, скратено од Џенифер, старо македонско изворно име.

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Млада згодна и убава политичарка, мразам и власт и опозиција ама сум фина со сите за да ме вработат кога ќе дојде време хехе

3. Зошто си на твитер?
Пошо мрзам луѓе што секогаш имаат нешто лошо да кажат за другите, а не се погледнале себеси... Се заебаам, јас сум таква. Дојдов да ви ги наметнам моите ставови пошо кој не мисли исто како мене, не мисли воопшто

4. Шо преставува вашиот аватар?
Све што сакам да бидам ама не ми дава мајка ми, значи истетовирана црвенокоса секташка


5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Леброн Џејмс. Напраив твитер за да го манијачам, па едно време твитав Семе Синапово фори, после го најдов Сулимановиќ и почнав онлајн да се борам против системот

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА, ЕДЕН Е АЛЕКСАНДАР, ЕДЕН Е НИКОЛА ГРУЕВСКИ

7. Каде сте родени?
Многу клише бе, сеа треба да бидам божица на хуморот и досетките и да пишам У БОЛНИЦА?... Скопје, борн енд рејзд...Али да бирав, ќе се родев негде на море за да неам проблеми со синусиве маме им ебем, еве на пример Преспа

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец у некоја шума со човекојадци, пошо човек на човека му е плескавица во дадени услови, а и мора све да се проба у животот (освен анален секс)...На меден ми е сеедно пошо секако нема јас да го платам

9. Брак?
Не може да ми се деси, користам заштита хехе

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Богомолка. После секс да го убијам партнерот, полесно е отколку да мењам број секој пат

Дополнителни прашања
1.Зеленчук или овошје?  
Трик прашање. Водка.

2. Зоки Фаци и Јоце Панов?
И или ИЛИ ? Јоце. Викаат дека му бил голем па не се приметувало толку дека е сељак

3. Прашалников е вистинска лесна белетристика за пред спиење... Ако сте во градинка.
Мојот не, на Бекамица да.

4.У која секта си?  
Комуњарка сум бе, 100 пути сум рекла

5.Мрачатор,Хејтер или Кенкач, шо си?
Не кенкам, тоа ми е малце проблем пошо да кенкав ќе станев спонзоруша на време и којзнае кај ќе бев сеа...Вака е веќе касно. Не знам шо сум пичку мајчину ваљда штом сум на твитер хејтер сум а? НАПРЕД ВАРДАР БИТОЛА НЕМА АЕРОДРОМ

Прашања од @EllenaDSK
1.Пушиш ли?
Да, ама не уживам хехе

2.А цигари?
ЕЛЕНА ГОСПОДАРКЕ НА ХУМОРОТ J

3.Што помислуваш кога ќе видиш фраер како крева мотор на едно тркало?
Не мислам, одма ширам нозе пошо тоа е нешто како врв на сите фраерски потези

4.Смеам да ги објавам на ФБ сликите од кога бевме на свадба кај Елена Ристеска?
Мене не ми смета, ама неа може ќе и смета...И мене би ми сметало да бев така облечена хехе

5.За вечер, ќе носиш л’скави или мрежести хулахопки? Да не се резилиме ко минатиот пат во “Ванила“ и двете со перлон-Анабела кога се избацивме.
Нема да носам хулахопки во случај да пројде некој со мотор на едно тркало или евентуално раскопчана кошуља со бројаница па да немам време да се соблечам САЧУВАЈ БОЖЕ 

@molimlepo

Твитер прашалник @ordanoskiv

$
0
0
Твитер прашалник @ordanoskiv 


1. Име (ник, кој ти го стави)?
Името ми е Ванчо Орданоски (без „в“), а никот, многу инвентивно и обратно, ordanoskiv.
Од страна на мајка ми сум од Источна Македонија (ова „Источна“ наскоро ќе претрпи измени, осеќам. „Горна Источна?“), па името ми е тамошно...
А поради прилепчанецот -- татко ми, цел живот кога ме прашуваат да ми го запишат презимето, морам да го додавам она „без в“. Освен во Прилеп.
За да дотупам со имево, со тоа „без в“ имам и среќа, бидејќи така докажувам дека, чувај боже, не сум во роднинска врска со Роберт ОрданоВски, директорот на АЕК. Мада, некои што не знаат за ова, ми бараа врски за таму -- можев да им земам пари за мито, да си ги задржам и после да го обвинам Роберт колку е педер...

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Програмер. Тоа сум, тоа ќе бидам. Гомнојадец у слободно време. Сакам да се мешам кај што не ми е место. Со годиниве, станав и циник, немам многу доверба во луѓето, а тоа го научив на многу тешки и скапи начини. Јако, сопствено финансирано улично школо.
3. Зошто си на твитер?
Уствари, не сум ја некој изрод. Гомнојадци сме генетски, у фамилија, све скрибомани... дедо ми, брат ми...
Ако фатам да анализирам, ми се допаѓа тоа што на Твитер мораш да се помачиш за да изразиш кохерентна мисла со толку малку букви. Веројатно и тоа програмерчето што чучи у мене има влијание на ова, бидејќи програмирањето е слично по концепт: прво мисли, па пишуј!
Од друга страна, на Твитер запознав многу паметни луѓе за кои не знаев дека постојат. Уствари, не ги познавам, ама ги запознав. Кога више правам муабет со потполни странци, барем нека се паметни, ако више не сум сигурен дали се сериски убијци.

4. Шо преставува вашиот аватар?
После серија од лоши слики (убав сум на мајка, али не сум фотогеничен), турив една сива силуета. Имаше некои ...кхм... непријатни пораки поради моето лаење на Твитер, па тоа сега добро ми доаѓа да не ме препознае на улица и да ми учука  бокс у фаца некој запален вемеревец.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
За све е крив оној @darko156! Поради бројките у никот, требаше одма да погодам дека е пролупан андроид кој има курцшлус у позитронскиот мозок и сега мисија му е да заебува и довлечкува луѓе на Твитер!
Ме заеба, како не! Сега, у слободно време, уместо среќно да си буљам у ѕид и да лигавам на едната страна, твитам!

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Здраво! Моето име е Ванчо Орданоски, а ова околу мене е црно-бел свет...

7. Каде сте родени?
Роден сум во Куманово. И, пред да ме прашате „баш у Куманово?“, да -- во центарот на Куманово, на ул. Панче Пешев (на шо ви личам, на сељак?). Татко ми, стоматолог во тогашната ЈНА, таму бил на служба.
Но, многу брзо сме се доселиле во Скопје, па себеси се сметам за скопјанец. Иако многу сакам да ги тролам провинцијалците (кои, за викенд, со лопатите идат на „излет“ во своите родни места), со неочекуван пресврт на суровата судбина -- барем технички, и јас сум еден од нив.
У странски јазици, ставам дека разбирам кумановски, ама слабо го зборам.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Два пати тргав (и стигав) до Нов Зеланд, за да се отселам таму. Третиот пат ќе биде на Кариби, каде што ќе си отворам бар на песочна плажа, и нема да се вратам ни по месец дена. Веќе имам два броја поголема, шарена хавајка, wayfarer реј-банки, сламен шешир и апостолки (едната поткината)...
Што се однесува до меден месец, женет сум веќе 26 години, па сеа повторно да се подвргнувам на трауми, ми забранија докторите. Меден месец е преценет, барем у името...

9. Брак?
Како што реков, веќе 26 години. Само нешто мрчам за бракот, а всушност -- два дена да не ми се дома моите, станувам нервозен, буљам у празно, ги карам мачорот и папагалот, ме јаде нервоза и им телефонирам по 10 пати на саат. Зашто, садовите у умивалник нема сами да се измијат!

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Мачор, дефинитивно. Го гледам мојон мачор Марко - апсолутно не го боли за ништо, ни за нас, газдите. Ако му треба нешто, доаѓа, ако не -- не нѐ врти ни два посто.
Цел живот угодувам некому, се потресуем дали некој ќе се навреди, дали сум фер, дали сум внимателен... Е па, у следниот живот -- НЕМА!

Дополнителни прашања


1. Колку време можиш да седиш на терасата у Претор и да гледаш кон езерото?
Ааах, Преспа! Се смеам као кретен штом ќе ја споменам! Немам никој од тој крај, ниту значаен имот, само викендичката во Претор.
Но, Преспа ми е примарниот генератор за здебелување на живци. Не знам дали во прашање е тишината, езерото, свежиот воздух кој се спушта од Баба Планина и во лето мириса на мискоина, незагадената околина, ѕвезденото небо, нескриено од светлина на градот, или летната успореност на животот...
Лани бев 48 дена, оваа година без полни 60 не се враќам!
(Инаку, правам мала превара: таму имам комплетен оддалечен офис и врски со сите наши сервери. Така што, мојата прва љубов - работата, не останува напуштена)

2. Едно време се откажа од твитер?
Комбинација на презаситеност, „фрикција“ со одредени политички групи, работни обврски, и -- пукна линкот со Твитер! Ми се заарни, после ми требаше свесен напор да се вратам...

3. Зошто немаш ФБ ,па да споделуваш срцепарајуќи слики?
Најбеспотребната, залудна, испразна и џаболебарска работа на светот е Фејсбук.
Кога бев петто одделение, пред мнооогу години, правевме споменари. Сега, на старо, пак да почнам - нема.
Убеден сум дека Фејсбук е за 15-годишни адолесценти -- тинејџерки на кои слабо им иде у школо и им проработиле хормоните. За сите останати е смешно што се таму.

4. Со кој спорт се занимаваш ?
Едно време активно тренирав скијање. Ама, откако ми се помести тежиштето накај половината, и почнав многу лесно да забрзувам на удолница, се откажав од тоа.
Се брои што никаде не одам со лифт? (имам благ случај на клаустрофобија).

5. Голи у седло?
Ах! Мотори! Ако се качиш гол у седло у сред лето, ќе напраиш пржени јајца! :)
Моторџиството е повеќе начин на размислување одошто само машина и човек. Слобода на движење, ветар у коса, три титаниумски штрафа у надлактица (после едно несреќно паѓање), сето тоа е дел од тој живот. Додека можам да држам рамнотежа, ќе бидам (облечен) у седло!

Прашања од @oletweet
1. Кога и каде се утна работава во земјава; имаше ли шанса патот да биде поинаков?
Никогаш сме немале шанса, а уште помалку од '92 наваму. Како малите ромчиња кога ќе се родат во Шутка, на кои околината не им дава никаква шанса да станат нешто освен стоење на раскрсница со рачето за просење. Ниту самите си ги создаваме шансите, ниту некој ќе ни ги даде.
Македонија секогаш, историски, била место за поткусурување, дел од јадниот Балкан, гледана со потценување и недоверба. Папок на светот, како да не...
Од внатре, жртви на сопствените водачи (море, „водачи“, во наводници), ситни преваранти, селски јајари што крадат јајца од под кокошките, шарлатани, самобендисани неоткриени диктатоwчиња...
Им се восхитувам на Израелците (колку и да се контроверзни последниве години). Нивната желба и нагон за самоодржување, единството и подготвеноста да истрпат сѐ, да загинат ако треба... Опкружени со непријатели во три слоја околу нив, опстануваат сите овие години.

2. Ти си сопственик на бизнис долги години, и од прва рака можеш да оцениш како е да се биде приватник без книшка со лавче. Можеш ли да дадеш совет како да опстанат деловно сличните на тебе во целосно партизирана економија?
Бидејќи сум сериски претприемач, мислам дека сум видел сѐ што може да се види и искуси. Као оној на Дискавери, што го спуштаат у џунгла со едно чкорче и лева пертла, научив да ги преживувам сите преварантски потези на сите влади, не само оваа.
Оваа, додуша, у крадење, лажење, мамење и криминал, ги тепа сите други заедно, топтан.
Совет -- немам. Како да дадам совет кога ни за сопствените бизниси не знам до кога и како ќе преживеат? Мито не давам, партиска книшка немам, „доброволни“ донации на политичари не вршиме.
Работа, работа, работа... надеж дека ќе се продаде нешто, дека следниот месец или година ќе биде подобро.  Сепак, не се откажувам, се трудам да иновираме, да бидеме на врвот на играта, први и најдобри.
Некни читав за филозофијата на Амазон, поточно, на Џеф Безос, неговиот газда: Тие намерно ги намалуваат цените до граница на издржливост, иако им оди одлично. Со тоа, се тераат да иновираат, да даваат повеќе и да бидат агилни. Добар совет.

3. Дали лесно би ја поддржал одлуката на твојот син да замине за секогаш, и преку Интернет или ретки средби да ги гледаш внуците како растат далеку од тебе?
Поддржал или не -- ако реши, ќе направам сѐ за да му помогнам. На кого ќе остане сето ова што го градам, не знам.
Но, конкретно син ми, има сосема спротивно мислење за одењето во странство. Белким ќе го држи..

4. Дали некогаш во животот си заплакал и зошто? Со ова прашање не го навредувам твојот мачо имиџ, туку те гаѓам во богатата емоционална заднина, што сакал ти или нејќел, суптилно сум ја регистрирала.
Немам проблем со мачизам! Некни ми потекоа солзи кога на типчето му ја поправија колата у една серија на Дискавери...
Уствари, поправо ќе проплачам на такво нешто, одошто кога ми е навистина тешко, не ми оди, или сум доживеал неправда. Тогаш, стегам заби и како воле туркам напред, не дозволувајќи друг да влијае на мене.

5. Ако решиш да направиш интимна журка за паметење, со малку луѓе, кои и какви се тие кои би биле поканети?
Во секој случај, нема да изостанат моите драги пријатели Сашо (брат ми, кој ми е прво пријател, па брат), Пеѓа, Ѓунер... Партнерот Бранко, со кој сме поише заедно него што сме со жените (и не, не ми е таковпартнер, ортак ми е, ме умреа од заебанции!).
Секако би те поканил и тебе, @oletweet, за конечно да те запознаам во живо. Веќе се знаеме кој што мисли, но убаво би било и ликовите да си ги знаеме, да не се опцуеме на улица ако се судриме. :)
Ми се оди на некое убаво место, со џез-оркестар (но со брас-линија), пеачка-црнкиња со кадифен глас, ама да е дозволено пушење (џабе ми стои колекцијата пури). Такво нема овде, ќе мораме некаде во Њу Орлеанс. Скапо ќе биде, но парите се најневажната работа во светот!

48КА

$
0
0
 48КА
























































































































Твитер прашалник @kocepetrov

$
0
0
Твитер прашалник @kocepetrov 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Никот ми го ставија двајца, дедо ми и татко ми без да знаат дека еден ден ќе го употребам за важни работи како Twitter или Facebook.

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Life, Sailing and Everything. Не ме бидува за автобиограф, но да пробам. 182 cm, 92 kg, програмер у душа, едриличар во срце. 

3. Зошто си на твитер?
Во Македонскиот јазик нема еден збор кој би објаснил зошто сум на Twitter. Во Српскиот јазик има. Доколица.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Фотографија која ја покажува главата, вратот и дел од горното торзо. Црните наочари укажуваат на тоа дека сум спремен за светлата иднина која ме чека. Жолтата мајца означува дека сум победил некои етапи во животот ... и дека највероватно сите мушички и комарци ќе ми се залепат навечер у парк. У ствари тоа ми е една од поуспешните портрет фотографии во последно време.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Тежок сум за да ме донесе некој. Сам си дојдов, онака шлаејќи се по интернет. А се за*бав затоа што се одвикнав да читам текстови кои имаат повеќе од 140 карактери. Книга не сум фатил не знам од кога. Блоговите ми се како „Војна и мир“ на Толстој, ќе почнам да ги читам и се откажувам, не заради квалитетот на напишаното, туку заради должината. Ме замараат непотребните толкување на нештата. „У Шведској немири“ и здраво!

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Мојот вистински прв твит на 15 април 2010 е „ChecksomeTwitterAPI ...“. Е сега кога добивам втора шанса за прв твит би бил „без паника“.

7. Каде сте родени?
Во градот за кој се пееше дека „... убав пак ќе никне ...“, ама дали заради ѓубрето, дали заради земјоделците (сељаците) кои го работеа, не испадна убав. Или пак песната е сместена некогаш далеку во иднината кога можеби градот каде што сум роден навистина „убав пак ќе никне“.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Во меѓународната вселенста станица со можност за Space walk секој ден. А ако не може тоа, тогаш нешто по остварливо, на пример едрење на карибите цел март.
Меден месец го замислувам 30 дена сами на брод, некаде низ Медитеранот, Франција, Италија и Шпанија. 

9. Брак?
Некои луѓе можат подолго да издржат под вода отколку во брак. Дали сум таков не знам, не сум пробал да гњурам 20 години нон-стоп, без пауза. А како сум тргнал ќе издржам уште толку во брак.

10. Ако се реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Целиот концепт на реинкарнација ми е некако сумњив и не сум сигурен дека сакам да проживеам life time како мува, мравка, змија, лав, орел, магаре, коњ, оса или црв. Барем еднаш во животот сме биле нешто од тоа и не е убаво чуството. Така да не благодарам.

Дополнителни прашања
1.Стар андроидџија?  
Еден единствен undisputed Андроид е Mr. Data од Star Trek TNG. Тоа ќе биде и првиот Андроид кој ќе го користам. Ќе почекам, стрплив сум.

2.Кај се гледаш за 10 години?
Вероватно ќе се гледам во огледало, онакво старинско, кое ако го скршиш 7 години ќе имаш несреќа. Нема ваљда да измислат LCD со вградени камери и со можност да си ја смрзнеме сликата за да ја ротираме и подобро да си ги видиме недостатоците, па со разни what-if make up филтри пробно да се нашминкаат жените или (не)избричат мажите (а може и обратно, кој знае). И секако популарното Share on Facebook или Share on Twitter па секое сабајле после бричење цел свет да има можност да ме види.

3. Би направил ли престап во животот поради некоја особа?
Абе би направил престап ама ниту скокам во далечина, ниту фрлам кладиво, така да има за кого, ама нема како.

4. Кого би сакал да гушнеш?
Жена ми се разбира, онака без причина.

5. Ако животот ти е филм, како му е насловот?
The Good, the Bad and the Ugly. Јас сум оној TheGoodсе разбира.

Прашања од @ordanoskiv
1. Знам дека си програмер со готвачки способности!
Точно е. Многу подобро готвам отколку што врвните готвачи програмираат. Од друга страна, сигурен сум дека многу подобро возам отколку што Шумахер програмира. Кога веќе почнав, ни на Peter North не му признавам, подобро го правам неговото отколку тој моето, програмирањето. 

2. Знам дека си програмер со едриличарски способности! Капетан лаѓе! Учебникар!
Едрењето исто како и програмирањето не е професија, тоа е хоби, пасија, љубов. Или си програмер или не си. Или си едриличар или не си. Не може да си програмер или едриличар, а у ствари да сакаш да си адвокат или фрлач на ѓуле.
Во едрењето, како и во програмирањето сѐ мора да е однапред испланирано. Има милион различни елементи кои овозможуваат едрилицата да плови кон саканата цел. Не е доволно само да се дигнат едрата и да се врти кормилото. Сѐ што важи за програмирањето важи и за едрењето. А книгата испадна многу случајно. Си пишував потсетник за себе и испадна цела книга, учебник. До денес тоа е единствена книга за едрење на Македонски јазик.


3. Како се стига до толкава фирма како што е Дуна Компјутери?
Па најчесто преку конкурс за работа. Не палат врски, партиски книшки и слично. Препорака од друг професионалец е многу корисна и ... чекај малку ... како да се направи фирма? Уф! Знаејќи го ова што го знам, потребно е само едно, а тоа се две ствари, ред, работа и дисциплина.


4. На кои проекти работиш, што се спрема (она што смееш да го кажеш).
Како што кажа еден познат твитерџија If I tell you, I'll have to kill you, а бидејќи не сум убиец, нема да кажам.

5. Кои се најголемите опасности за ИТ бизнисот во Македонија? Најголемите прилики?
За жал многу работи во ИТ бизнисот во Македонија се некаква копија. Не се измислуваат работите, туку постоечки решенија се модифицираат и применуваат. Тоа е типичен Борговски начин, да се асимилира и користи. Без IP (Intellectual Propery) нема дополнителни приходи, без кои пак нема развој. Државата не прави ништо за да го заштити домашното производство. Од друга страна многу фирми спасот го гледаат да се Outsource на некоја голема софтверска фирма. Тоа можеби носи приходи, но не носи развој. Во текстилната индустрија тоа се нарекува Лон производство.
Најголема прилика е фактот што преку 90% од фирмите во Македонија не ги користат придобивките од ИТ. Немаат ЕРП, ЦРМ е странски збор, мобилни апликации се игри како Angry Bird, социјални мрежи, а богами и целиот интернет е Facebook каде можеш да се пофалиш или на некој „да му кажеш у фаца што мислиш за него без опасност дека ќе ти ја бапне една“. Вицот со продавачот на кондури во Африка е реалност за интегрираните бизнис апликации во Македонија.

Безобразно прашање
1.Добив ли попуст у Дуна?
Попусто е попустот што го имаш, пак ќе си користиш LAMP, никако да прејдеш на MAMP.

Твитер прашалник @MolimLepo

$
0
0
Твитер прашалник @MolimLepo 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
OнаКога поентата е очигледна. Аргументите сенаведени. Сите вклучени во разговорот се согласни со кажаното и нема ни најмала потреба да се продолжи понатаму со дискусија на дадената тема.“ (по дефиниција)
Инаку, како и сè во животот, сама, јер ми се може. Молим лепо.

Додека сме на темава


2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Ах, болно питањце. Ме потсети на моја Рамизе, Бог да ја прости, верна беше. +++
Викаше дека сумсè во едно и дека убаво глумам и пеам... ко Касандра, Бога ти.

3. Зошто си на твитер?
1. Затоа што е единствен начин да бидам во чекор со времето, без да имам плускавци на глужд, од саатот.
2. Затоа што чика Доктор каже: Ако не ти се сите на број, после 1 ретвит ти буде боље.
3. Затоа што среќата се множи кога се дели.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Генерално, (ез ју ќен си) брзо ми здосадуваат нештата, а и навикнав да имам нов аватар секој месец. Овој месец ја гледате мајне либе Лишај Ќис, во пролиф... овај.. профил.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?


6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Мамоооо! Татееееееее! Кокошката снесе јајце со две ж'чки!

7. Каде сте родени?
Родена сум во Скопје како Центарска девојчица, но по игра на случајот веќе поголем дел од животот сум Аеродромка. Се декларирам као скопски хибрид, Centodromus spp., fam. Huliganiaceae.


8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?


Лисабон.
Лисабон.
(Од твој блог до Божји mail. Амин.+++)

9. Брак?
Почитувам.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Пеперутка. Тука некаде сме по сензибилитет , а и исто како мене „Лета со сопствени крила“.

Дополнителни прашања
1.Ретвит или Фејв?  
Цело е кога има сè. Фејвот без ретвит го  толкувам како ‘‘и ти си страшна’’тапкање по рамо, aретвитот без фејв многу често знае да направи да се чувствувам евентуално.
Е сеа, ова ‘‘или’’значи дека морам да изберам, така? Епа ретвит, јер мила душа, ризик јак.. и да си тролан, колку можеш ќе се спасиш.

2. Омилена облека, без која не можеш?
Леле љисицаааа! Сакаше да ме зезнеш, да се излетам со ‘‘кошула’’и да заборавам дека погоре пишав кај живеам?? ТреЊерки, и тоа обавезно да се штиклирани во пределот над лева преткомора, а ако тие ми се за перење, онда ги бирам оние со пруги латерално.

3.Омилена личност од мак-естрада?
(Ќе бидам фина и нема да ја искористам приликава за да тролам, пошто последниот пат скоро и да расплакав некого). Иако веќе одамна се на поубавата страна на Светот, уште се водат во мак-естрада. Тања Царовска и Ерзана се единствените на мојот пиедестал.

4.Кој би сакала да те игра у филм?  
Богиња Јелена Јованова. Само она го има мојот луд дијапазон на емоции.

5.Шо компјутер и телефон имаш?
Да бе, и ја така слушнав. И тоа две у едно! Главна бе, главна.
П.С. Ја користам оваа прилика да изјавам дека моите маргарин дланки не се криви за ниедна рана на екранот. Сумњам на ‘‘љубов на прв поглед со подот’’.  Има нека тајна веза. <3


Прашања од @AltanDete
1.Што мислиш за полициското насилство?
Не мислам. Се плашам.

2.Орален секс,ти или он?
Двајцата. Истовремено. Тоа е таа естетика на тела!

3.За кого гласаше(неопределеност не се прифаќа како одговор)
Само за себе. Чесно. Ќе гласав и за некој од стариве дома, амасфатив дека ризикот не ми се исплати, пошто и така во Аеродром беше мртва трка.

4.Кој ти е омилен лик од порниќите
Е, ама ми го натопори сеа... Не би можела да одвојам министерство.

@TaskaBalabanova

Твитер прашалник @TaskaBalabanova

$
0
0
Твитер прашалник @TaskaBalabanova 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Пошто она првото ми го турила кpaлица маjкa, за ова решив да го искористам правото на кум. Додуша у моjoв случаj е кума, така да за дополнителни информации обрати се лично каj @MolimLepo. Што ѝ бил хороскопот тоj ден веруj уште ми е енигма, али пошто ово je Балкан кумот ти е алфа и омега, се крстиш у него и прифаќaш било кое име. А и мора да признаам добра работа заврши.

2. Опишете се (макс 140 нели)? 
Убава, згодна, неопходна(други рими не прифаќам). Башка ако не ми веруеш мене, прашај го @TomislavNaskov, човекот 100 пати кажа.^-^

3. Зошто си на твитер?
Све шуто и рогато направи Facebook и више не можев да тролам на раат. Башка и хуморот не ми го сфаќаа господата таму, па едно време си умислив дека сум оглупавела. Чудна ствар, жими се.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Моменталниов си го крстив „жал по А види Бога тистарката“ . Некако ми прирасна за срце тој диоптер и невероватен поглед, али јбг, дојде 1ви април и просто беше невозможно да не се претворам во @imedime на момент. Е, кога сфатив дека црно-белата лепотица ја неам у лаптоп, ова ми изгледаше како најсоодветно решење. Ваљда се гледа колку ми било досадно, чим сум направила ваква јебо факич автофото, м?

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Пред да ти одговорам, морам да те прашам, зошто сеуште глумиш финоќа со таа ѕвезда? Уствари да, има 18- твитераши,  те разбирам, приморан си. Е сеа да се вратам на муабетот. Иначе @MolimLepo најлепо ме донесе, а дали ме заеба ќе ти кажам коа ќе си го видам просекот у индекс. Мислам, немаше место за преговори, само ми кажане ми троши талент за џабе, доаѓај тука. И да, од денес си Таска, чисто да знаеш’. И еве, више од 3 месеци сум таа што сум.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
На слика ептен грда девојка, а до неа Благица Павловска. Коментар под сликата: лепотица :* #ОнаКога не знаеш за кого е наменета иронијата. (Се осигурав ја прво што треба да правам и пошто ми рекоа слободно тролај, еве тоа и го напраив.)

7. Каде сте родени?
Хмм.. и ја би да иам супер причаод типот на летала мајка ми за у Недојдија, па на сред пат стјуардесата засукала ракави, али неам. И ја нажалост сум родена у она рушевинине наречени СТАРА ГИНЕКОЛОГИЈА у која ја денес нажалост мрзнам коски дур слушам предавања.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Абе ако отидам негде на еден месец ќе ми се уарни, нема да сакам да се вратам. Ама ако се нуди нешто, ево на пример Бразил. И јас бе сакам да видам добар бут!  

А на меден, кај ќе плати медениот.

9. Брак?
Што мрак? Не за џабе се римува ;)



10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Сепак, Tasmanian Devil :) Не дека нешо ќе се смени кај мене, едино нов лик ќе иам :)



Веруј вака изгледа милион пати боље него ли у живо ;)

Дополнителни прашања:

1.  Дали за него би ги оставила цигарите рецимо?
Абе сва среќа па не пушам :) али ако ме прашаш дали би ги оставила пивото или водката одма да ти кажам, НЕ. Ако ме сака, нек истрпи дополнителни трошоци за алкохол.

2. Омилено место за одмор:
Две се. За едното мудро ќе си молчам оти може и кариера на твитер да ми отиде и сè, а другото е Сплит, кај тетка ми. Мераци било коа друг сè ти плаќа, те шета кај сакаш и ти за џеб не се фаќаш. И ај после да не ми е омилено.

3. НаТочак подржаваш или практикуваш?
Појше подржавам него ли што практикувам. Љубител сум на палење патики и трчање по стаза. Превозно средство – такоѓе патики.


4. Омилен филм?
Епа оној бе, знаеш кај што Македонија е у ЕУ, сите се вработени, мене никој не ми дрнда за србизмите што ги љубам, @Pavlovikjима секс на секој чекор и така. А тоа нема ни на филм?? Епа Бог знае што сум гледала јас.
А од Холивуд и сличните на него ‘The Ides of March’.

5. Шо ќе те натера да заминеш од твитер?
Чекај бе, какво заминување, само што дојдов ја. Едино ако сите фатите џадето на некоја нова социјална мрежа, и ја по вас. Во спротивно, ништо.


Прашања од @MolimLepo:

1. Што би променила во здравството, да си на местото на чика Нино Тодоров?
Ништо не би мењала. Би оставила сè како што е. Да видам како се снаоѓаат луѓево со дотичниот, за кога ќе се вратам како Таска, да знам како да преживеам со неговите идиотизми. :)

2. За Американците си или за Русите?
За нашите. Баклава не мора, што благо ви се наоѓа по дома, тоа, сè јадам.

3. Џастин Бибер или Александар Тарабунов?
Биберот, се разбира. И врапците на гранките знаат дека ми е омилен. Не знаеш колку срце ме боли што не му бев сеа на концерт у Виена. А за тој другиот, шта речи а не заплакати. Ако исплати тоа хонорарите што ти ги дужи ќе праиме муабет.

4. Омилена песМа?
Секоја песМа испеана од убер неталентирана кокошка, пошто ја кога ја пеам се осеќам ко славеј. Знаеш, неостварена желба ми е певаљка да будем.

5. Колку чешми има на стаза, од Red Caffe до ФОН?
Ќе се истрчав да ти кажам 1, уствари 2 се. Ама тоа не е битно пошто ни на едната ни на другата не пиеш вода, нели уште си одморен, па коа ќе стигнеш на ФОН, колнеш сè диво и живо пошто 2 чешми во паркот со авионот не работат. 

Твитер прашалник @imedime

$
0
0
Твитер прашалник @imedime 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Со ИмеДиме ја изгубив невиноста на интернет – така ми гласеше првиот меил а и да се разбереме, дете бев, од Аеродром и мораше нешо раперско со рима да има у све... и не, не го слушам Слаткар!

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Висок, совршен, дипломиран, со завидни манири, човек со репутација... или ко шо би ме нарекле центарци – сељак од Аеродром 

3. Зошто си на твитер?
Познат ко мрчатор и вечен поборник за правата на менталните, сфатив дека твитерот е вистинското место каде што можам да мудрувам, се натегам, смеам и дерам во рок од 2 минути, а без притоа некој да ми викне жолто комбе или закаже психијатриски преглед.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Од светото тројство во Аеродром помеѓу кое се Параклисите (црквите) и Фонтаните, ја се избрав за формалното токсидо т.е. Тренерката

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
У прва на факултет асистентот ми кажа – „Или ќе имаш профил на сите социјални мрежи или ќе паднеш по предметов!“ и би Диме да отвори твитер! Фала му на асистентот, не за 10ката колку за тоа шо ме тури тука J

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Пазењето е мајка на добивањето, Durex likes this J

7. Каде сте родени?
Во Скопје, во Државна, на трети спрат, соба 304, сум почнал да искачам у собата па брзо ме префрлиле у операциона, ама по документи важам за роден у ходник. 

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би идел во Паралелен универзум, чисто да сум обратниот јас на кратко а на меден месец, на пуст остров кој има меѓу палмите и шума (по можност борова) каде што медот е најубав! 

9. Брак?
Како што би испеал македонскиот Бочели – Мартин Вучиќ „Рано ми е да се врзам“ па не ни размислувам за тоа... а коа би се решил за таа клетва, тогаш сигурно ќе биде после 30та година од животот (освен ако не е договорен брак за зелена карта и државјанство)

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Тоа што сум во хороскоп – Скорпија, само женски род, пошо го јадат мажјакот после секс J

Дополнителни прашања
1.Каква музика слушаш?  
Покрај америчките гзо-треси, црнечките ха-це рапови, македонските евергрини, ги обожавам и нашите од 95’ па све до 2002-3 хитовико Ерзана, Мелани, Куку Леле и Роберт Пирнер – Тоа го иам докажано со мојот канал на YouTubeкој исто е @imedime (PLS SUBSCRIBE #хехе)



2. Без шо не можеш да живееш?
Без три работи – (Не ХИВ) позитивни луѓе околу мене, 7ца сендвичарата и примена на #димЕротика во пракса

3.Бех сас козите?
(продолжуе од прашањето)...во Ванила, ама само еднаш. Поише практикувам да сум сас овците, не за џабе иам машинка за стрижење (жмиг)

4.Наслов на филм шо го опишува твојот живот?  
Пајо паторот , облечен у тренерки и нормално пошо се е нереално, мора да е анимиран



5.Шо би одбрал моќ да читаш мисли или да си невидлив?
Кај и да е ќе се појави апликација на Андроид за читање мисли а Хари Потер беше невидлив а па не глеаше сјајно дечкото... така да би сакал да сум третото – Сабина или у најмала рука Иван Исцелител

Прашања од @TaskaBalabanova
1. Пошто никоj не прашува како си еве ja. Арен?
Арен, арен ко грав (без запршка) варен

2. Koja ти е идол, Накова или Хелена Роза?
Накова веќе ме дружи на фб а Хелена изглеа нема ConfirmFriendRequestдугме. Иако сеуште е недостапна за социјално пријателство, ѕвездата на идното шоу „Танцот на Шипката“ ми е идол Точно# Така е# Хехе#

3. Дали некогаш си дошол на договорено кафе и зошто не?
Многу ретко доаѓам на договорени места и однапред испланирани средби. Фетиш ми е да се појавувам изненадно, по тренерка, во темни влезови и улици... едноставно сакам спонтаност!

4. Што кога тренерките ти се на перењe?
Добро е што тренерките ги перам во недела а гаќите во среда. Машкоста останува скриена во гаќите во недела а се манда обично во тренерка во среда – среќен ден!

5.Дали сеуште ja сакаш @MolimLepo?
Не, не, не ја сакам, јас ја ОБОЖАВАМ – Лоповот Владо Јаневски ми ја украде оваа мисла и напраи хит

Твитер прашалник @Publishermkd

$
0
0

Твитер прашалник @Publishermkd 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Publishermkd. Хм, ваљда сакав да биде нешо поврзано со објавување на (небитни) информации а само Publisherвеќе беше зафатено, па морав да си стаам географска определба на името. Нели билатерални прашања се актуелни, па ај...

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Поучен од дедо ми: најубав и најпаметен. Ама нема до него Кожувчанка коа го кажува ова за да му поверувам, така да би кажал ’твитерџија’  

3. Зошто си на твитер?
Прва причина е шо мразам да седам по портали и да читам вести а сакам да сум ап ту дејт, па нели со оглед на тоа шо твитер е лајф стриминг, совршено ми одговара. Второ, убаво е да се изнапцуеш негде некад коа не ти се оФчичките на број (а доста често не ми се) а притоа да не се разочара некоја седма тетка шо те има на фејсбук. Третата причина се појави откако дојдов на твитер а тоа е #третасмена. Уживам во ноќта и добро е кога има и некоја таква занимација покрај сите други ’активности’ навечер. А и глеам колку манијаци исти ко мене има по социјалните мрежи и се тешам, till the morning makes me angry (ко шо би рекол Jamie Woon у Night Air).

4. Шо преставува вашиот аватар?
Аватарот ја претставува длабочината на мислата, моментот кога се загледуваш во една точка и се губиш во новоформираниот универзум од мисли и претпоставки. Се заебавам, јас сум на аватарот и не претставува ама баш ништо посебно.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
На твитер дојдов сам. Читав некои статии за социјални мрежи и нивниот развој (не се сеќавам кај беше) и ми се допадна плавата птичка (не бидете перверзни има Т у зборот!!!) па ај да видам шо се случува.
Заебан сум од аспект на интензивно трошење на батерија на мобилен. Иначе не.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Кафе. Затоа што секоја друга замисла за совршенство не може толку лесно да се реализира.

7. Каде сте родени?                
Во срцето на Македонија. Во левата преткомора, на излезот на белодробната артерија, или народски кажано, Поликлиника Чаир - Скопје.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би сакал некоја од големиве светски метрополи, само за да сфатам колку уствари не сум за у такви неподносливи гужви а сепак да проживеам малце и од тој живот, ама кога веќе би бирал едно место, нека биде theoneandonlyNYC.
Меден, Кејптаун.


9. Брак?                        
Не знам.

10. Ако се реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
BlueJay. Со карактеристиките не можеме поблиски да сме. Така, не би мењал многу од она што сум сеа, асепакби се реинкарнирал у животно.

 А ако е реинкарнација по начин на живот ко чоек, мрзливец ќе сум.  

Дополнителни прашања
1.Зимо или лето?  
Лето. Се бапнеш негде на кафе, под сенка, под оние вентилаторине шо прскаат вода и уште па поглед накај море ако имаш...

2.Омилена детска игра?
Жмурка. Поклише одговор не можев, ама ај па да не ми е интересно шо се пикавме под коли а у есен се трупавме едни со други со паднати лисја од дрва.

3.Видео игрици играиш?
Не многу. Age of Empires ми е при срце ептен и NFS било која едиција. Другите, слабо.

4.Кога си се посрамил најмногу?  
Секад ко ќе ми текне на моментот кога ги прашав моите дома, пред некои си 10 години, шо е разликата меѓу инспирација и мастурбација. Зборовите ми завршуваа исто и мислев дека се некако поврзани, јеби га. 

5.Колку книги годишно читаш?
Страшно малку. Сеа сум у некој транзиционен период, англиска литература фатив годинава, така да, ако се улетам, може и да си ги поправам изминативе две години поминати ко пасивен читач.

Прашања од @imedime
1.Дали јадеш се што објавуваш на слики и зошто толку многу?
Нормално дека да.  Како иначе би си ја задржал својата страшно добро оформена топчеста фигура?! J

2. Колку експлозиви до сега си направил по дома?
Штом го пишувам ова, ниту еден JШала на страна, заебана работа се експлозивите. Мала разлика у тежина (0,01g)може да е доста фатално. А по некоја случајност, дигитална вака до трета децимала неам дома. J

3. Што треба да има едно кафе за да биде совршено?
Две лажици кафе (нес или обично), што помалку шеќер, малку млеко и правиот кафе – партнер.

4. Каде живееш и зошто не во Скопје?
Живеам во Топанско кое според цената на таксито до Центар е многу поблиску до Скопје, отколку  Ново Лисиче и Влае. There, Isaidit! J

5. Истите опинци ти се од првиот ден на играорна или нови имаш купено?
Колку чудно и да звучи, неам мои лични опинци у еве веќе 11 години активен фолклорен живот. JДруштвото секогаш имало доволно опинци за настапи, а за на проби златна старка од пазарче, таман ми доаѓа. J

Твитер прашалник @KhayTeeB

$
0
0
Твитер прашалник @KhayTeeB 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Сама си го ставам тоа љиљаковкото што го зборам по тл..  А никот, исто сама. Цел живот ме викаат Като и се се осеќам ко баба, па решив тука да бидам сонцуфче, т.е. Кејти. А тоа „би“ за што е... хехе.

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Јас сум дебелата со анимал принт хеланки. Пуса.

3. Зошто си на твитер?
Слушнав дека имало љубители на #цицки, па дојдов да кукам дека ми се мали со надеж дека некој ќе ми плати силикони.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Моето мислење за изборите и целокупната опседнатост со политика.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Августовска сесија 2012 ме донесе. И не ме заеба. Сега имам нова кариера.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Здраво, јас сум мањак и делам бомбончиња на малолетни.

7. Каде сте родени?
Молам? Мене штркот ме донесе.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Кај ми платат, таму. Не сум пребирлива брат. Све дур има пиво, мене океј ми е. Добро, само да не се температурите у некои екстреми.

9. Брак?
Уште не сум ја фатила таа болест. Слушнав дека имало лек, ама скупо било нек сибе мајката, плус чудни симптоми имала... де убајни, де нервози. Нејќу.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Ко што ми пишуе у био, у претходниот живот сум била панда, па у тоа и би се реинкарнирала. Ама ја као баксуз, сигурно у ќелав глушец ќе се реинкарнирам.


Дополнителни прашања
1.Каде на одмор ?  


2. Со кои 5 твитерџии на пуст остров?
Епа.. @MikiMladenov….и толку. Он фаќа место за 5 души.

3.Зошто слонот се плаше од глушец?
Што сеа, сакаш да кажеш дека Мики се плаши од мене?

4.Омилена песна?
Колку зрна шеќер што има у едно кило, е дупло поише омилени песни иам. Ама пошо видеата се помалце, еве едно третосменско, сепак таму сум највеќе активна.



5.Шо те расплакува?
Играчка па плачка? Епа кај мене е СВЕ ПА ПЛАЧКА. Плачам дури и коа некој ќе ми каже дека си го поткачил со патентот.

Прашања за @Publishermkd
1. Манијакалноста си ја сметаш за позитивна или негативна карактеристика?
Позитивно бре! Увек е добро да знаеш нешто плус за некој. Симпатијата ако не ја фатиш по нормален пат, мора ди адр уеј, нели? Плус не знаеш коа ќе ти притреба врска за побрзо вадење пасош или шта ти ја знам.. затоа, разбудете го манијакот во себе!


2. Кога (по ѓаволите) спиеш и колку сон ти е доволно за да функционираш ко шо треба?
Две сме бе. Заљубената и хејтерот. Затоа 24/7 ме има на ТЛ. Шала на страна, организмов ме дупи, некад функционира најбоље со спиење од 2 саати. Рекордно седење будна ми е 48 саати, а рекордно спиење 28.

3. Заљубената KhayTeeB шо ја глеаме повремено на ТЛ ќе собере некад храброст да се обрати директно на дотичниот?
Толку често му се обраќам на дотичниот, што мајка ми планира да ме прати на психијатар.. вика дека сум зборела сама со себе. Не сфаќа жената, љубове тоа.


4. Играш кошарка некад или си само страстен гледач?
Наравно, активно тренирам кошарка од 7 години.. у паралелен универзум. У овој универзум со баскетот баратам ко со нунчаки. Траги-комично.

5. Има ли чоек на кој би ги применила creepy твитовите шо знаеш да ги твитнеш у #третасмена?
Човек? Охоооо, има чоеци, на 3ве раце не можам да ги избројам.. Плус, сигурно е забавно на некој да му исечеш дел од телото и после да му го пуштиш у блендер, не?!

@KokiCvetanoski

Твитер прашалник @KokiCvetanoski

$
0
0
Твитер прашалник @KokiCvetanoski 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
- Сам си го ставив. Кога дојдов на твитер сакав да сум kokixdкако и што сум секаде низ нетов, ама некој попаметен и побрз дошол пред мене на твитер. Иначе во РЛ правилното име ми е ставено според лик од емисија шо моите ја глеале на ТВ.

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
- Мајка ми вика дека сум убав и смешен. Што знам.

 3. Зошто си на твитер?
- Дојдов на твитер за да престанам да си зборам сам со себе и планирам еден и на дедо ми да му отворам. Дојдов и да поднаучам нешто граматика пошо тука се нели боговите и лекторите. Башка мисија ми е сите на фб да ве најдам, мањо да будем хехе

4. Шо преставува вашиот аватар?
- Се што не сакам моето поколение да биде. Имав сменето 3-4 аватари до сега, ама овој мислам дека ќе остане за секогаш во знак на протест против семејно насилство. Под семејно насилство во аватаров подразбирам оставање ултра селска џигерица-фризура на децата од страна на родителите.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
- Сам дојдов и мислам дека не се заебав. На твитер научив дека НЕ ЗНАМ се пишува одвоено...

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
- Коце почни да ги храниш чавките со јагодки пошо срањата многу лошо им смрдат.

7. Каде сте родени?
- Сељак да будем со муабетов али – роден сум во болница, а направен сум во кола.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- На еден месец у Винтерфел, а на меден со шатори на Смоларски водопади

9. Брак?
- Пред да завршам факултет и да најдам работа не. Значи никад.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
-Бик, пошо има муда за разлика од мене. 



Дополнителни прашања
1.Колку коња ти е колата а колку плоштадот ?  
- Кола неам, а плоштадот... Не знам, само до 1000 знам да бројам.

2. Кој е најбољи твитерџија?
- Уф... тука треба ептен гз да лижам. Не знам, повеќе има. Не можам да ги делам. (види hint) Јас.

3.Трауми од детство?
- Еј дај да видам какви џамлии имаш, не ти ги зимам. Пунев гаќи кога ќе ми го кажеше ова некој од постарите у маало.

4.Кој ти е прекар?
- Па ако се смета ова за прекар тогаш Коки. Друго нема.

5.Предигра или директно а?
- Пред игра... Пред гејмање.


ПРАШАЊА ОД  @KhayTeeB
1.Испцуј ме најјако што моеш, знам дека сакаш.
- Ти личам ли на некој таков? Башка одговарам на прашалник и ова е успех за мене, планирам на мајка ми да и го покажам, не е навикната на вулгарности. Ќе го оставиме тоа за на чет J

2.Најбоље пик ап лајн?
- Ако времето беше љубов, ти ќе беше вечност.

3.Дали ти е криво што више не си малолетен и не те сакам?
- Kриви се само Паланка и Бранко. Мене не ми е криво, а за сакање знам дека уште ме сакаш.

4.Те фаќа племе некое и ти викаат: или ќе ти го сечеме или реденка. Шта чеш?
- Реденка, (боље ишта него ништа) и почнуваат да се редат еден по еден ама пред мене нели пошо јебач да будем

5.Што би му кажал на Џизс?
- Џизс брат, дај од тоа светото срањебашка симни са, ча паднишшш

Следна е @MarijaNaskova

Твитер прашалник @MarijaNaskova

$
0
0
Твитер прашалник @MarijaNaskova 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
@МаријаНаскова по на баба ми името и презимето, а Грејс Митсуки по мојата сеуште не зачната ќеркичка

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Фатална девојка
http://www.youtube.com/watch?v=D6JQiogbkyY

3. Зошто си на твитер?
Да крадам твитови и да бидам бог на хуморот и дрскоста

4. Шо преставува вашиот аватар?
Женски самураи, јас за маскенбал такоџе и јас во иднина

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Сите ги носи штркот на свет, мене ме донесе на твитер. Зошо цензурирано заеба бе, па наши сме си, не, не ме зезна*

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Здраво :*твитерџии :*како :* се :* твита :* тука :*

7. Каде сте родени?
Vo USA- United States of Aerodrom  #хехе

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец не ми се иде нигде, малку ми е. На цел живот ми де оди во Истанбул, а на меден на Санторини.

9. Брак?
Онака лабаво со партнерот ? Па може бе, шо да не.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Во Аеродромска хиена 

Дополнителни прашања
1.Фамилијарно се твита а?  
Не, ама фамилијарно се ретвита!

2.Дечкото или твитер ултиматум?
Дечкото од паралелен универзум, ептен ми фали

3.Опиши го брат ти?
Абе у принцип да му прочиташ инфо ќе видиш дека уште матичен број си нема остаено ама ајде... абе брат ко брат, марка влијаТЕЛЕн.

4.Каде се гледаш по 10 години?
Не се глеам, моментално живеам 10 години во иднината, знаеш напредни генерации сме ние...

5.Есма или Лозано?
На кој ќе му бидам захвална за поголем пласман на Евровизија? Не знам, ја ипак гласам за Коста Бургов.

ПРАШАЊА од  @KokiCvetanoski
1.
Бијонсе или Лана дел Реј? М, м, м?
Коки бе многу си заебан. За прашањево више никогаш не идеме на кафе. Крај!

2. Три работи што би ги направила да си Арја Старк?
Сеа као треба да биде би се откажала од се? Не братот, ја сум ти Арја Старк, ама се прикривам со Грејс Митсуки, зошто во Марија Наскова има премногу сличности.

3 Би се откажала ли од 500 следачи за да добиеш GoT дуксер?
Да имам 2500, да... ама вака у 500 следачи ќе најдам некој што има ГоТ дукс ќе идеме на кафе и веќе нема да има ГоТ дукс, чиста работа.

4. Шо те натера да се одлучиш за таква Бекамфризура? Хехе не ме хејтај алавју
Лезбејското во мене. Абе многу сум убава вака џоа Винона сум, ама ти си запнал Бекам па Бекам..
 Доказ: @teavaklinska и јас

Зошто не сум од Пустец сама се одлучив за нареден да го одберам @podochnjak

Твитер исповедалница

$
0
0
Твитер исповедалница


Повелете , не срамете се, влезете во твитер исповедалницата ,кажете што ве мачи и лежи на душа, ќе ви олесни.
  • Кога се мачам не кажувам, само кога шетам и уживам кажувам. #Исповед
  • Првиот твит ми беше шернат линк. #исповед
  • Едвај чекам да дојде утре да се возам на рингишпил. #Исповед.
  • Не се сите твитерџии форевер алоун... ама ја сум - со сигурност! #исповед
  • ме фати од две пива! #исповед#пензионер
  • #ерадиовозбудена сум! Ме слушааатттт!!! #исповед>)
  • Како мала се плашев да го гледам „Хари Потер“. #исповед
  • Кога сум болен, најтешко ми паѓа што не можам се гушкам со жена ми и детето. #исповед
  • Сакам да одам на Малта и Португалија летово .#исповед
  • Лепчето што го даваат со чорба во кафана никад не ми е доволно, ама штедам. #исповед
  • Ако не работам трета смена, мене би ми било срам да се уклучам на твитер и во 14 часот да пишам добро утро #исповед
  • Мразам возење во двокатни #исповед
  • Пред две години бев у САД со цимери од Пробиштип и да не ми го рч'каат лаптопт стаив пасс кој и ден денес го иам: PROBISHTIP #Исповед
  • мојата твитер симпатија ја имам видено во живо когА Пиволенд беше уште на кале #исповед
  • #Исповедглеам Сител.... кај Лила у Квиз игра Азијатка ... после исто ке глеам Азијатки, али нема да бидат на Сител !
  • Кога бев мала мислев тие што имаат тетоважи се мафијаши. #исповед
  • Имам фобија од ветер и колибри. Денес и двете у стратешка комбинација напаѓаат аир да не видат!!! #Исповед
  • Имам чуден фетиш да гледам видеа во HD. #Исповед
  • Ќе направам кривично дело за да одам во затвор....барем факултет ќе завршам #Исповед
  • единствена желба за ТЛ ми е тие што имаат аватари со било каква симболика со супермен еден ден да ги сменат #исповед
  • Дома немам ракија, прашина со џин бришам :) #исповед
  • Кога ќе смените аватар се осеќам ко друг човек да ми збори #исповед
  • хоби ми е да фејвам и да ретвитам луѓе по твитеров. #исповед
  • у живот не сум уплатил спортска прогноза, кладење, кецукец и тие ствари #исповед
  • Секој пат кога ќе отворам сајт на Сител или Курир се чувствувам како Алиса во Земјата на чудата #исповед
  • Многу сакам ред и дисциплина, и тоа го барам и од другите, но самиот на тоа не се придржувам. #исповед
  • новчаникот си го крстив ДМ - празен е нон стоп #исповед
  • те сакам затоа што се смееш со мене на гифови од мачки. #Исповед
  • Никој не може да ме расположи онака како Френк Синатра што може. #Исповед
  • Ова време, пред година дена ме заследуваа порно sвезди и jас им праев фолоу бек, зошто мислев дека така треба! #исповед
  • ја видов симпатијата од забавиште. не се сменил ич. уште е срцка, сакам пак боички да ми позајмува :-/ #исповед
  • Розова кошула немам носено од полуматура #исповед#СмртЗаРозовиКошули
  • Не сум прочитал ниеден Твитер прашалник. #исповед
  • Синоќа кога го гледав настапот на Есма & Лозано и мене ме фати срам. #исповед
  • бирото ми е ко свинско корито #исповед
  • Секогаш коа одам по скали мислам дека тој шо оди зад мене ме глеа у газот #исповед
  • Јас ги правам сликите за Семе Синапово. #исповед
  • прикриена ВМРОвка сум, слушам Тоше и ве кодошам у штаб. #Исповед
  • Го поддржувам Скопје 2014 со сите 2014 споменици. #исповед
  • БРЕМЕНА СУМ. #исповед
  • Се ложам на фацата на младиот Ханибал кога убива. #исповед
  • Паѓам на искушенија ко жена во ПМС на благо. #исповед
  • Две недели не сум била на трчање и веќе се осеќам како свинче #исповед
  • Ако не сте ми вие мои следбеници, јас ќе нема со кој да си ја правам интересната. #исповед
  • Никад се неам денски начукано #исповед
  • Никогаш нема да ги разберам девојките што на факултет доаѓаат со кратки фустанчиња и суќнички. Воопшто, ни малку не изгледа убаво. #Исповед
  • Некои лајкови,фејвови,ретвити вистина ми значат.#исповед
  • На овие влезениве во филм, како би им кликнала forward. #исповед
  • Никат нема да прекинам да глеам шпански серии. #исповед
  • Кој ќе ми купи карта за на Балашевиќ сите следачи му ги препишувам во тестаментот. #исповед
  • Мразам грди стопала, посебно криви ножни прсти. #Исповед
  • Обожавам да лежам гола до него, дури тој е облечен. #Исповед




Твитер прашалник @podochnjak

$
0
0
Твитер прашалник @podochnjak 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
никот ми е трет и трета среќа
сите другари (иначе никој нема твитер од нив) од кога направив твитер ме прашуваа што ти се толкави подочњаците, а тоа уствари да ми било од твитање трета смена, па така се пронајдов во никот „подочњак“ кој совршено ми одговараше.
Плус никогаш не плачам, па поради тоа солзите немаат каде да истекуваат па се собираат во моите подочњаци и истите ми отекуваат

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
маж на една и татко не две, wannabe татко на четири и маж на две


3. Зошто си на твитер?
на твитер сум затоа што ми е многу забавно и ми го подмладува духот
Обожавам да ја играм играта со фавстарот, зашто многу ми е интересна и ги жалам на некој начин тие што твитерот го разбираат преозбилно и не ја играат оваа игра

4. Шо преставува вашиот аватар?
Аватарот ми е како замислено гледам некој документарец на дискавери и се чешкам за увото, претставува состојба во која ич уво не ме боли што твитам и што читам на тајмлајн, демек
Аватарот го сменив едно десет пати, ама овој ќе ми потрае подолго, се надеваме

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
сам се заебав и сам си се донесов на твитер, а и за да избегам од женами која е главна на фејсбук

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
за што служи табот конект стварно не разбирам, молам РТ

7. Каде сте родени?
Роден во Скопје во гинекологија Чаир, требало да се родам на 29 ноември ама затоа што баш тој ден било државен празник на Југославија ме извадиле насилно на 28 ноември

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би сакал да одам кај што си одам секое лето во село Магарево на Пелистер и пропратно во Претор, а на меден би отишол во Санкт Петерсбург еден од најубавите и најроманитчни градови за мене

9. Брак?
Во брак сум цели седум години, а бурмите шест години ни едниот ни другиот повеќе не ги носиме.
верувам во љубов, бракот е само една ограничувачка рамка на љубовта која треба да биде ослободена од секакви рамки

10. Ако се реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Би сакал да се реинкарнирам во делфин, слободно да пливам по морските широчини и длабичини, да ловам и да зашеметувам „РИБИ“ со ехо локација и да си играм со меури


Дополнителни прашања
1.Од каде потекнуваш по баби и дедовци?  
Пола битолчанец по мајка, четврт кавадарчанец и четврт велешанец по татко
Се чувствувам како цел скопјанец, парадокс нели?

2.Омилена пица?
Омилена пица ми е кога ќе си нарачам дома, зашто кога ќе отидам со децава на пица хаос ги правиме сите пицерии и воопшто не е забавно
(на кафе зашто на пица немам време да сликам)

3.Број на кондури?
ретко носам кондури, ама кога носам 44 ми се најудобни

4.Фармерки или тренерки?
тренерки за по дома, фармерки за надвор.
дури и децата на лулашки кога ги носам носам фармерки, прав аеродромски хипстер сум.
Жена ми иначе ја зедов во аеродром како бегалка од карпош и сега не соблака тренерки, дури и на работа оди со тренерки понекогаш, така да митот за тренерките и аеродром не е ништо друго освен мит според мене

5.Каде за мајот?
овој мај планирам да одам во село Магарево едно седум дена, убаво ми се спои со велигден па нема да одам на работа, без твитер, без телевизор, само на чист воздух
  

ПРАШАЊА од  @MarijaNaskova
1.Зошто на секое кафе откажуваш во 5 до 12 и лажеш дека ти дошле роднини?
Абе како да ти кажам не бев бањат, а женами од љубомора ми го исклучила бојлерот, се зезам кумот ми беше на гости тој ден и не му текна да си оди, тек у дванаесет саат си отиде
(еве тука на афтер парти уште сме на тооооо)

2.Колку си Аеродромец?
Аеродромец сум од второ одделение, до тогаш живеев во тафталиџе.
Прав аеродромец сум уште од почетоците на „пирамида“ не пропуштав ни тренинг на МЗТ уште од времето на Марк Дин, Перо Блажевски, Књазев, Врбица Стефанов...

3. Сега оној твитот со разликата помеѓу сељак и селанец не ми е јасен. За какви важиме ние Аеродромците?
Има аеродромци луѓе и аеродромци сељаци колку и другите „граѓани“ на Скопје, повеќето дојдени од провинција, плукаме по улица, пцуеме, брцаме во нос на семафор, не застануваме на пешачки, фрламе ѓубре кај стигнеме, се паркираме по тротоари, фрламе ѓубре од тераса и останати сељачизми кои ги употрбуваме...

4.Која трогателна случка во животот те натера да бидеш Чиз, а не Сир(сирење на српски)?
Јадев еден чизкејк на почетоците на мојата твитер кариера па така се пишав.
Потоа сите женски што ми пишуваа во ДМ ме викаа нагалено Чиз и да ти кажам искрено ептем ми се допадна името Чиз, затоа тоа ќе си биде константа на мојот твитер профил, а само презимето ќе си го менувам

5.Дали тебе хоби во животот ти е да менуваш аватари, и зошто не? Нареден да ти биде со цела фаца, не малолетна.
Овој аватар ме и од пред 4 години и е најстар кој досега сум го ставил, претходните беа стари година до две, иначе аватар менував според расположение али овој ќе го задржам некое време некако среќа ми носи


Твитер прашалник @JumalaTuoni

$
0
0
Твитер прашалник @JumalaTuoni 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Името го имам многу пати објаснувано, еве уште еднаш: Се чита „Јýмала Тýони“ (ако може со финска дикција уште поарно); Јумала е врховниот бог во финската митологија, богот на небото, а денеска овој збор во литературниот фински јазик значи „Бог“; Туони е богот на подземјето. Мене ми текна, кој друг ја читал Калевала?

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Не знам дали е до мене, ама прашањево го сфаќам како демек „фали се, ама со исав“. Епа значи да не почнувам. Не бе, се заебавам, сеа ќе видите:
« Секогаш насмеан, оптимист, оригинален, самокритичен, тролач, мрчатор, сакам архитектура, обожавам митологија, ја сакам Тарја Турунен, сакам мачки, ја сакам Шпанија, зборувам шпански, успат разбирам италијански и малку португалски ама ич ги нејќам, учам фински, по дифолт знам англиски, а германски учам седум години нашколо ама ништо не знам. Читам книги, гледам филмови, серии и мексиканско-американски теленовели.»
Какви 140


3. Зошто си на твитер?
За мир во светот. Се заебавам, не сум ми(ни)стер. Да не тупам, очигледно е дека сум на Твитер оти ми е интересно. Ако има друго место за пишување/читање глупости, кажете, таму ќе одам.

 4. Шо преставува вашиот аватар?
Нашиот аватар претставува нервно болна жена шо експлоатира саказ, ништо повеќе. Реков „нашиот“ оти после овјавата на еден портал сите секаде си го објавија, го иссилуваа и веќе не е уникатен и оригинален.
Реакција 1:

Реакција 2:


5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Никој, сам, ама морам да признаам дека професорката по шпански има најголема заслуга за моето инфилтрирање во Твитер и не се заебав, запознав многу кул луѓе. 

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Би го испочитувал клишето „Еве ме и мене на Твитер“...   NOT.Абе не знам, најверојатно нешто како „Еве, не знам, се зачленив во сектава“ или „Бегајќи од една лудница, дојдов во друга“.

7. Каде сте родени?
Пф, ко божем не се приметува дека во крвта имам повеќе олово и цинк отколку железо. Ене ја топилница, на 500 метра ми е од дома.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Многу пати имам размислувано на оваа тема и единственото нешто шо го имам заклучено е дека сакам да живеам во Мадрид. Инаку, сакам да имам куќи во Хелсинки и Малага (да не ве поправам пак, се чита Мáлага, „малáга“во Грција, не тука.), иглу во финскиот дел на Лапонија, викендица во Канкун и, еве ако веќе почнав скромно, Буенос Аирес. Па ти види.

9. Брак?
Од шо мака тоа бе?!

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Мачор, був или евентуално камелеон.

Дополнителни прашања
1.Оти ти е толку нервозен аватарот?
За да те изнервира и да речеш „Чим јас се нервирам еве РТ и другите нека се изнервираат“.

2.Дали?
Салвадор? Омилен.

3.Кој е најбољи архитект на ТЛ?
Без размислување, @Architweetka.

4.Зошто не беше на Балашевиќ?
Оти поубаво ми е да спијам дома.

5.Ај постави си прашање и одговори го?
Извини, немам профил на Аск.


Прашања од @podochnjak
1.     Како архитект дали има да се пофали со некое дело ?
Хахах, далеку сум од архитект, ама добро, имам и не се баш за фалење.

2.     Кога ќе го патентира кондомот со вкус на кафетин?
Во тек е процедурата, издржете уште малку.

3.   Што мисли за кризата во шпанија и тоа како германија и "помага"
Немаат потреба од ничија помош и, колку што знам, неколку пати ја имаат одбиено понудената германска „помош“. Во Шпанија кралското семејство е тоа шо се подбива со народот. Додека луѓето во Шпанија се невработени, некои немаат шо да јадат, разменуваат огромни вили покрај плажа за една лиценца за возење такси, кралот Хуан КарлосI де Борбон оди во Африка да лови слонови, а во Шпанија зет му и ќерка му крадат. Укинување на монархијата може да биде добро решение за излез од кризата и ред други проблеми.

4.     Kога ќе го смениш аватарот?
Никогаш, па ни тогаш.

Екстра прашање
1.  Дали мислиш дека ќе станеш македонскиот le corbusier и зошто не?  
Не, затоа што ќе станам вториот Антонио Гауди кога ќе отидам во Шпанија.#хехе #xexe (Not sure дали се доволни овие две или треба уште две-три.)

2. Повеќе ебе или се бања? #хехе
Отсечно „Се бањам“и не миотварајте болни теми, фала.

@Architweetka.
Viewing all 749 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>