Quantcast
Channel: И ЈА ИАМ БЛОГ
Viewing all articles
Browse latest Browse all 749

Твитер прашалник @BazeLazevski

$
0
0

Твитер прашалник @BazeLazevski 



1.Име (ник ово оно)?
Име по дедо ми исто како на никот и презимеисто како на никот.
Роден во Велешка болница на еден 13ти, кратко после смртта на ТИТО.
Потекло пола од Истокот, пола од Југот.

2.Висина и тежина?
Висина 173 а тежина 90 плус судиска надокнада!

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Мислам 36та нијанса на кафено со неколкубели влакна кои штрајкуваат како на рекламата за мастеркард.

4.Убав? (одговори со да или не)
Уште си немам селфи направено, може и убав да сум.

5.Зошто си на твитер?
Да дебатирам за спорт и решам неколку дилеми
- Манчестер е црвен или плав?
- Зошто штипјани питата ја викаатпастрмајлија а во нејзе нема пастрма?
- Роналдо е подобар од Меси!
- Зошто нашите политичари кога одат од Скопје за Велес одат преку Сплит?

6.Шо преставува вашиот аватар?
Многу контроверзен аватар.
Ѓавол-асоцира на лоша работа,а уствари ебел.
Залепен на црна позадина,а уствариасоцира нанадмоќ,успех,доминација, престижна самиот фудбалски клуб на чијгрб се наоѓа.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Да, во врска ама не карирана, онаа што претставува заедница на двелица од различен пол и како таква претставува основа за градење на семејство.

8.Вашето прво искуство?
Ууу многу лошо. Го лапнав, повлеков, повлеков, повлеков посилно и кога дојде
малку и голтнав и се засркнав. Плукав после ама веќе беше касно,
устата ми труеше на бензин.
  
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец на Аљаска.
На меден месец не бев, имам лошо искуство со пчели па понастрана од мед :))

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?

По месец ипол ќе се собереме ќе му изнесеме 40 дена а у позадина ќе свири "Растајемо се ми..."и секој по патот.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Тиква, дефинитивно!

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?

Би му порачал на Хитлер дека за идеали гинат будали.
Ќе му ги спомнам самоКлосе,Подолски,Боровски,Озил,Кедира,Боатенг....

13.Шо мобилен телефон користиш?
HTC one

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Апдејтите не ми пречат, само ми досаѓаат,
но дефинитивно ако Твитер станебилборд полн со реклами и огласи се гасам.

15.Што би сменил на себе?
Карактерот не можам, касно е.... забите би ги сменил.



Екстра Прашања

1.Кој ќе биде шампион у Англија?

2.Кој графит би го напишал на топилница?
Велешкиот инат е голем, извини ти никогашнема да станеш Чернобил:)

3.Дали Велес е поделен град?
Како мали нашколо не учеа дека реката Вардар го дели на два дела
Ама денес е поделен на црвени и плави, пола Франкфурт пола Виена,
пола за Манчестер пола против него....

4.Топ 5 твитерџии по фудбалот?

5.Ќе има ли Велес кино?
Велес има и отворено и затворено кино!

Ако правиме муабет за НОВО КИНО, сигурно ќе има и сигурно ќе биде на коњ!




Viewing all articles
Browse latest Browse all 749

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>